Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Гоце Седлоски промовиран во нов селектор на Македонија: Ќе барам од играчите на секој меч да оставаат срце на терен“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Гоце Седлоски промовиран во нов селектор на Македонија: Ќе барам од играчите на секој меч да оставаат срце на терен“
СПОРТ

Гоце Седлоски промовиран во нов селектор на Македонија: Ќе барам од играчите на секој меч да оставаат срце на терен“

Објавено December 23, 2025 15:09
Сподели
Сподели

На прес-конференција одржана денеска од страна на ФФМ, во присуство на претседателот Масар Омерагиќ и директорот на националните селекции Горан Пандев, и официјално Гоце Седлоски е промовиран за нов селектор на А националниот тим на Македонија.

Седлоски се заблагодари на довербата на ФФМ, и вели дека ќе биде изграден систем и дисциплина и дека ќе бара секогаш на секој натпревар да се дава максимум.

„Пред се сакам да се заблагодарам на ФФМ за укажаната доверба да бидам селектор на националниот тим на Македонија. За мене е голема чест и најголема одговорност во мојата кариера. Свесен сум за потенцијалот кој го поседува оваа селекција. Мојата цел е да избрадиме систем и дисциплина и репрезентација која ќе се бори за секоја топка, и секогаш ќе дава максимум. Свесни сме дека во некои мечеви нема да влегуваме како фаворити, но нема да ни биде одземена можност да се бориме. Од оваа репрезенција ќе барам да се бори до самиот крај. Верувам во квалитетот на фудбалерите, во нивната желба да го носат македонскиот дрес. Убеден сум дека ФФМ ќе ни обезбеди најдобри услови за работа, а со поддршка на стручниот тим и сите околу репрезентацијата, ќе направиме позитивни и значајни чекори за напредок на нашиот национален состав“, изјави Седлоски.

Тој најави дека ќе бидат повикани оние кои добро играат во своите клубови, и дека на секој натпревар ќе бара давање максимум.

„Ќе има освежување во репрезентацијата. Сите кои играат добро во клубовите, и кои заслужуваат да го носат дресот, ќе бидат овикани. Со Данска ќе барам секој поединец кој ќе биде повикан да даде максимум, дури и над своите можности и со една максимална и дисциплинирана игра да дојдеме до целта“, кажа Седлоски.

Прв предизвик за новиот селектор ќе биде „огнено крштевање“ и дуел против Данска во Копенхаген во баражот за пласман на Светското првенство.

„Данска е фаворит, но ние ќе треба да дадеме се од себе на тој натпревар и убеден сум дека тоа ќе го направиме, дека играчите ќе го остават срцето на теренот, и не само на тој натпревар, туку и на секој меч“, изјави Седлоски.

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ изрази задоволство од назначувањето на Седлоски за нов селектор, потенцирајќи дека очекува да донесе нова енергија во репрезентацијата.

„Уште еднаш би сакал да се заблагодарам на Боби Милевски за досегашната работа. Фудбалот е таков, промените се случуваат, и сега дојдовме до ситуација да имаме нов селектор во името на Гоце Седлоски. Дојдовме до заклучок дека на репрезентацијата и е потребна нова енергија за да го оствариме пласманот на Светското првенство, затоа што и баражот за нас е успех. Фудбалот е таков, носи радости но и разочарувања, еден од нив е поразот од Велс, и затоа дојде до ова денеска“, рече Омерагиќ.

Директорот на националните селекции Горан Пандев кажа дека Седлоски е вистинскиот избор за селектор.

„Најпрво сакам да му го честитам на Гоце Седлоски именувањето на нов селектор и да му се заблагодаам на Боби Милевски за се што направи за македонскиот фудбал. Седлоски го знам многу години, сме играле заедно, го знам како човек и како карактер, и мислам дека е вистинскиот избор за селектор на репрезентацијата. Човек кој многу дал за нашата селекција како играч и како тренер каде работел“, изјави Пандев.

Со оглед дека Седлоски е актуелен тренер на Вардар, тој паралелно ќе работи и во клубот до јуни, а потоа целосно ќе треба да го преземе националниот тим.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кривична за две лица, преку лажни натпревари и фиктивни играчи ја довеле во заблуда ФФМ
Следна Статија Му го украле тутунот, објави земјоделец на социјалните мрежи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Лазаров: Ќе биде тешко да им парираме на Французите, но се надевам дека ќе нè потценат

Македонската ракометна репрезентација утре го игра последниот меч од втората фаза на Светското првенство (СП), а ривал ќе ни биде…

January 24, 2025
СПОРТ

Македонските кошаркари со триумф ги завршија мундијалските претквалификации

Македонската кошаркарска репрезентација со победа го заврши настапот во претквалификациите за пласман на Светското првенство, откако  во Скопје ја совлада…

August 21, 2025
СПОРТ

Фудбалерот на Хајдук мораше да си замине поради згодната мајка

Талентираниот хрватски голман Борна Буљан (19) го напушти Хајдук и потпиша за ФК Браво од Љубљана.Младиот сплиќанец се реши на…

February 24, 2025
СПОРТ

Seahawks тријумфираат и освојуваат врвно место во НФЦ плеј-офот

Seahawks покажаа зошто може повторно да се вратат на стадионот Леви во наредниот месец за Супер Бол, победувајќи ги 49ers…

January 5, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?