Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Го одбележуваме Денот на народното востание – 11 Октомври
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Го одбележуваме Денот на народното востание – 11 Октомври
МАКЕДОНИЈА

Го одбележуваме Денот на народното востание – 11 Октомври

Објавено October 11, 2025 08:54
Сподели
Сподели

Денеска Македонија слави голем државен празник! Денот е неработен за сите граѓани.

11 Октомври е празник на востанието е против фашизмот и со тоа започнува борбата за ослободување на македонскиот народ. Тоа е важен меѓник во борбата за самобитност и самостојност на македонскиот народ. Со својата вооружена борба, Македонија не станала квислиншка територија, туку, напротив, жешко подрачје за окупаторот и дала свој придонес во победата над фашизмот во Втората светска војна.

Настанот од 11 oктомври 1941 година е неповторлив и клучен историски настан, кој е синоним за отпорот на македонскиот народ и го симболизира официјалниот почеток на Народноослободителната антифашистичката војна (НОАВМ) во Вардарска Македонија.  Бескомпромисната борба на партизаните од првиот Прилепски партизански одред и акциите кои тие ги изведоа со нападот на бугарската полициска станица, затворот и прекинот на електричните и телефонски жици, го трасираше борбениот пат кон слободата. Веќе следниот ден, на 12 октомври 1941 година, започнаа вооружените  акции и во Кумановско.  Во месноста Менкова колиба беше формиран Карадачкиот партизански одред, којшто заедно со Кумановскиот партизански одред формиран во месноста Студена вода ги интензивираше воените дејствија до 17 октомври 1941 година.

На 11 Октомври секоја година се сеќаваме на овој настан, кој е меѓник во борбата за самобитност и самостојност и со право можеме да потврдиме дека борците од Народноослободителната борба заедно со прогресивни слободарски сили од другите народи дадоа голем придонес во победата над фашизмот и на светско ниво.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија По видеото на Икс, разрешен директорот на Клиниката за неврологија Игор Кузмановски
Следна Статија Четирите неверојатни одбрани на Столе против Белгија (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Стојанче Ангелов ќе зема повисока плата: Владата одобрила покачување

По измената на коефициентот за пресметка на плата, одлука објавена во Службен весник, се зголемува и платата на директорот на…

June 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Втор екстерен испит од државната матура, најмногу пријавени за тестот по англиски јазик

Матурантите денеска ќе го полагаат вториот екстерен испит од државната матура кој е по нивни избор. Според податоците на Државниот…

June 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Taравари за паркингот: 50 денари не е многу, некои паркираат на Клинички и се шетаат низ Скопје приватно

Тендерот за изградба на катни гаражи на Клинички центар ги помина сите процедури, но се уште не е потпишан договорот…

March 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ова се докторите кои загинаа на патот Прилеп- Битола

Прим. д-р Александар Ристески, врвниот македонски радиолог, спец. гинеколог д-р Никола Василески и радиолошкиот технолог Фанче Јованоска, ги загубија животите…

October 3, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?