Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Градежна компанија во сопственост на децата на Блерим Беџети е под лупа на Антикорупциска
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Градежна компанија во сопственост на децата на Блерим Беџети е под лупа на Антикорупциска
МАКЕДОНИЈА

Градежна компанија во сопственост на децата на Блерим Беџети е под лупа на Антикорупциска

Објавено January 5, 2026 18:23
Сподели
Сподели

Компанија регистрирана за изградба на станбени и деловни објекти, формирана од децата на пратеникот од ДУИ и поранешен градоначалник на Сарај, Блерим Беџети, стана предмет на интерес на Државната комисија за спречување на корупцијата, објави РСЕ.

Станува збор за фирмата „ВЕ-ИНВЕСТ ХОЛДИНГ ДООЕЛ Скопје“, основана во септември 2025 година. Во Централниот регистар како сопственик е заведена 21-годишната Ељма Беџети, а управител е нејзиниот брат, 19-годишниот Валон Беџети. Седиштето на фирмата се наоѓа во стан во сопственост на нивниот дедо, Беџет Беџети.

Иако Беџети во својот анкетен лист веќе има пријавено дел од имотот на своите деца, новооснованата компанија таму не фигурира. Од ДКСК потврдија дека по сопствена иницијатива отвориле предмет за проверка, потсетувајќи дека избраните и именуваните лица мора да пријават зголемување на имотот на своите семејства над вредност еквивалентна на 20 просечни плати, во рок од 30 дена.

Во изјава за Радио Слободна Европа, Блерим Беџети посочува дека неговите деца се полнолетни и живеат одвоено, но додава дека, доколку постои законска обврска, компанијата ќе биде пријавена. Истовремено вели дека, иако во документацијата стои градежна дејност, фирмата не планира да гради згради, без да прецизира со што конкретно ќе се занимава.

Основaчкиот капитал на компанијата, според регистарот, е внесен како непаричен влог од 5.000 евра, составен од предмети од домаќинство и техничка опрема, проценети од овластен проценител.

Случајот се развива во период кога против Беџети веќе се води постапка поврзана со изградба на објект во Сарај — процес што тој го оценува како политички мотивиран

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Божиќно послание на г.г. Стефан: Живееме во свет во кој има неправди и беззаконие, да не дозволиме тоа да ни стане прифатливо и вообичаено
Следна Статија Ѓорѓиевски: Изречени се казни од 1 000 до 53 000 евра на загадувачи на воздухот во Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Пред нас се три големи празници: Небото се отвора, се случуваат најголемите чуда

Ни претстојат три големи празници во низа. Се верува дека треба да ги правите овие работи за да ви се…

January 17, 2026
МАКЕДОНИЈА

Македонците не губат сон поради изгубените пари на УСАИД

Македонците не губат сон поради изгубените долари од програмите на УСАИД, а всушност, некои и искрено слават што програмите се…

February 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Водата во Скопје поскапе за 10%

Водата за пиење во Скопје од овој месец е поскапа за 10%. Кубен метар вода сега чини 35,02 денари, потврдија…

October 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Семејството на Фросина го предводеше протестот: „Валкани пари – смртни последици“

Семејството на прегазената Фросина Кулакова со транспарент „Ние сме гласот на Фросина, валкани пари- смртни последици“ го предводеше денешниот протест…

February 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?