Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Градежни инспектори нема ни за лек
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Градежни инспектори нема ни за лек
ЕКОНОМИЈА

Градежни инспектори нема ни за лек

Објавено March 12, 2026 19:53
Сподели
Сподели

Нема кој да врши инспекциски надзор во градежништвото, бидејќи последниот инспектор кој работел на тоа исполнил услови за пензија на крајот на 2025 година. Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам веќе осма година го води в.д. директор кој треба својата работа да ја заврши за шест месеци, а на негово место да биде назначен директор со решение. Општините речиси и да не реагираат на неправилностите од извршените редовни и вонредни инспекциски надзори, а општинските инспектори често не ги гледаат неправилностите на терен.

Ова се дел од состојбите кои ги открил државниот ревизор при контролата на работењето на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам за 2024 година.

Ревизорите утврдиле дека последен пат директор на Инспекторатот е именуван во 2018 година со решение. Тој е разрешен во мај 2018 година.

„До моментот на вршење на ревизијата, функцијата директор ја обавуваат вршители на должност назначени со Решенија од страна на Владата и тоа за периоди подолги од шест месеци, со што се создава ризик раководењето со ДИГУ да биде извршувано од страна на лица кои не ги исполнуваат законски дефинираните услови“, забележуваат ревизорите.

Ревизорите обелоденуваат дека во инспекторатот нема доволен број инспектори. Додека траела ревизијата имало само двајца од кои едниот бил пред пензија, а се потребни 8.

Ревизорите констатираат дека и во овој случај Министерството за финансии не давало согласност за нови вработувања, иако е констатирано и дека еден од инспекторите исполнува услови за пензија.

„Од извршениот увид во документацијата и предметите од извршените инспекциски надзори ревизијата утврди дека од систематизирани 19 работни места за инспектори, во 2024 година спроведувањето на инспекцискиот надзор го вршат 5 инспектори и тоа, 3 во областа на градежништвото, од кои едно работно место – градежен инспектор од август 2024 година е ставено во мирување и 2 во областа на урбанизмот. Во моментот на вршење на ревизијата, инспекцискиот надзор во областа на градежништвото се спроведува од страна на 1 инспектор, кој до крај на 2025 година се стекнува со право на старосна пензија, со што ДИГУ останува без градежни инспектори, односно без можност од спроведување на инспекциски надзор во областа на градежништвото“, се наведува во извештајот од ревизијата.

Ревизијата покажува и низок степен на реакција на општините по донесените решенија и други акти на инспекторите по извршените инспекциски контроли.

Од извршениот увид во 14 предмети во урбанизмот каде што општината се задолжува да преземе мерки за отстранување на утврдените неправилности, до моментот на вршење на ревизијата постапено е само по 4 предмети.

Иста е состојбата и при вонредните контроли кои ги извршил Државниот инспекторт во кои се утврдени неправилности кои не ги пронашле општинските градежни инспектори или каде што не направиле контрола, донесени се решенија, но нема реакција на нив.

„Со увид во 17 предмети за извршен инспекциски надзор од страна на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, кај 6 предмети се утврдени неправилности кои се однесуваат на бесправно изградени објекти. До моментот на вршење на ревизијата, од страна на општините постапено е само по 4 предмети, а за еден предмет поради непреземени мерки од страна на овластениот градежен инспектор истиот е доставен до МВР за понатамошно постапување“, информираат ревизорите.

Ревизорите утврдиле дека не се води правилно пописот во инспекторатот, а дека не се води и точна евиденција на работното време што според ревизорите влијае и на пресметка на плата врз основа на присуство на работното место.

Исто така утврдено е дека инспекторатот нема целосно воспоставен систем на внатрешни финансиски контроли, што создава ризик од евидентирање на финансиски трансакции во деловните книги кои не се темелат на веродостојна сметководствена документација.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пред шест децении се раѓале двојно повеќе бебиња од денеска
Следна Статија Ако сте родени под овој хороскопски знак, петок 13-ти може да ви донесе среќа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Во вториот квартал би требало да имаме висок раст на БДП, очекува Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски очекува според последните индикатори во економијата во вториот квартал да има висок раст на домашниот БДП. Сите…

June 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

Брисел и Софија ги прифатија аргументите на министерот Николоски за пругата кон Бугарија

Вчера во Софија се одржа состанок на делегации од Македонија, Бугарија и претставници од Европската Унија во однос на железничкото…

November 1, 2024
ЕКОНОМИЈА

Изгласани законските измени, маркетите ќе мора да ги објавуваат цените на веб-страници

Собранието на денешната 35.седница ги донесе измените и дополнувањата на Законот за заштита на потрошувачите, со коишто пратениците од власта…

February 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

Скратена работна недела – реалност и можности

Скратена работна недела, помалку работни часови дневно. Ова е трендот кој го зафати светот последните две-три години. Се спроведуваат многу…

September 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?