Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Градоначалникот на Гостивар не чувствува морална одговорност за загадената вода
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Градоначалникот на Гостивар не чувствува морална одговорност за загадената вода
ПОЛИТИКА

Градоначалникот на Гостивар не чувствува морална одговорност за загадената вода

Објавено July 20, 2026 13:35
Сподели
Сподели

Кризниот штаб е активиран и ќе има телефонски број на кој граѓаните можат да се обратат за помош и снабдување со вода за пиење, се дел од мерките кои општина Гостивар ќе ги спроведува од денес. Ова го кажа градоначалникот, Ваљбон Лимани денеска на прес-конференција во Гостивар. Вонредна седница ќе има општинскиот совет во попладневните часови.

На мој предлог, веќе е активиран „Кризниот штаб“ од нашата општина и набрзо ќе заседава и секако ќе дава и препораки, но и помош на сите граѓани кои имаат потреба за тоа, рече Лимани.

Тој информираше и дека за носење одлуки и мерки ќе се дискутира и на вонредната седница на советот за да им се помогне граѓаните кои имаат потреба и кои се затекнати од оваа ситуација.

Општината ќе објави и официјален телефонски број на кој граѓаните кои не можат да излезат да земат вода, да се јават и со мобилни екипи да им се доставува до нивните домови, рече градоначалникот.

Тој напомна дека локалната самоуправа е во координација со сите релевантни институции и соработуваат за да како што посочи, дознае вистината.

Со објавување на резултатите, веднаш ќе почнеме со активности за дезинфекција и прочистување на водоводната мрежа и засилени контроли за да се обезбеди пристап до здрава вода, што е можно побрзо, рече градоначалникот Лимани

На новинарско прашање околу преземањето на одговорност за настаната состојба, градоначалникот Лимани напомна дека не чувствува морална одговорност и дека како мерка ја суспендирал директорката на ЈП Комуналец и дел од раководството што е одговорно за водоводот.

Сум во контакт со директорката на ЈП „Комуналец“ и раководството. Тие моментално се суспендирани од тие функции. Денес ги очекуваме резултатите и врз основа на тоа ќе постапиме. Не сакам никој однапред да ја преземе вината, но секако не сакам ниту било како да се попречи во работата на надлежните органи. Јас не чувствувам морална одговорност затоа што јавното претпријатие е правно лице коешто менаџира. Доколку беше поинаку, секако првата оставка ќе дојдеше од моја страна, рече Лимани.

Тој појасни дека проблемите со градскиот водовод имаа повеќе годишна историја, но тоа е главно како што рече со недостиг на вода и дека е од приоритети кои ги спроведува од преземањето на функцијата е новата водоводна линија на која веќе се работи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вработен на Универзитетот во Тетово присвоил над 55.000 ЕВРА од студентите
Следна Статија Се апси менаџментот на гостиварскиот „Водовод“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Поради трагедијата во Кочани СДСМ ги одложи внатрепартиските избори за претседател

Поради огромната трагедија што се случи во Кочани СДСМ ги одложи внатрепартиските избори за Претседател на партијата. Општинските организации на…

March 16, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски во Дебрца: Очекувам изборната трка да заврши со фантастична бројка од 60 градоначалнички мандати

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска во дебрчкото село Волино порача дека очекува изборната трка за Локалните избори да заврши…

October 29, 2025
ПОЛИТИКА

ДУИ за осветувањето на полициските возила: Државата се штити со закон и Устав, а не со осветената вода

Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост и остро реагира на фотографиите објавени од паркингот на Министерството за внатрешни работи,…

January 8, 2026
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Карпошани избраа да не поддржат човек кој е на црната листа на САД

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање околу заедничката фотографија на Маја Мојсовска и кандидатот…

October 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?