Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Градоначалникот на Тирана останува во притвор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Градоначалникот на Тирана останува во притвор
БАЛКАН

Градоначалникот на Тирана останува во притвор

Објавено February 13, 2025 08:47
Сподели
Сподели

Специјалниот суд против организиран криминал и корупција доцна синоќа ја потврди претходно донесената мерка, со која градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, останува во затворски притвор. Мерката ќе ја издржува во затворот во Драч.

Во суд беа повеќе од 7 часа каде освен Велиај беа испрашувани и неговата сопруга Ајола Џоџа и 6 бизнисмени, а судското тело повеќе од два часа одлучуваше околу мерките.

На Џоџа мерката “куќен притвор” и е заменета со “јавување двапати месечно во судот” а и е одземен и пасошот и и е забрането напуштање на земјата.

Еден од бизнисмените доби затворски притвор, додека за останатите  потврдена е првата мерка за јавување во судот.

Адвокатите за Велиај побарале ослободување од притвор со парична гаранција, но било одбиено поради можноста да побегне од земјата.

Велиај (46) кој е градоначалник на Тирана  во три последователни мандати, беше уапсен во понеделникот под обвинение за пасивна и активна корупција, перење пари и непријавување имот, по што му беше изречена мерката „затворски притвор“. 

Во реакција на социјалните мрежи, од притвор, тој го изрази своето незадоволство од тековниот процес, нарекувајќи го нефер и апсурден, додавајќи дека „ниту тој, ни членовите на неговото семејство немаат никаква поврзаност со зборот корупција“.

Во текот на денот, за време на целата расправа,  пред судот беа вработените во општинската администрација, како и граѓани, во знак на поддршка.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Феенорд го победи Милан, Баерн славеше во Шкотска
Следна Статија Околу 75.000 американски федерални вработени ја прифатиле понудата за отпремнина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Која е Татјана, најбогатата Украинка која се крие во Хрватска

Повеќе од 20.000 Украинци пронајдоа дом во Хрватска по почетокот на војната во Украина, меѓу нив веројатно најбогатата, но и…

December 23, 2025
БАЛКАН

Блокадата на објекти на РТС во Белград трае повеќе од 80 часа

Повеќе од 80 часа веќе трае студентската блокада на објекти на Радио-телевизија Србија во Белград. Од 14 април во 22…

April 18, 2025
БАЛКАН

Вучиќ најави помилување за девојката што удри студентка со автомобил во Нов Белград

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера најави дека ќе ја аболира од понатамошното кривично гонење, 25-годишната девојка која со својот автомобил…

July 17, 2025
БАЛКАН

„Лежалките не се за сиромашни!“ Откако се појави шок снимка со цените во Црна Гора, се случи драма: „Одиме во Грција“

Сезоната во Црна Гора е една од најактуелните теми ова лето.  Дали има очекуван број на туристи или бројот на посетители во…

July 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?