Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Градоначалникот на Тирана останува во притвор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Градоначалникот на Тирана останува во притвор
БАЛКАН

Градоначалникот на Тирана останува во притвор

Објавено February 13, 2025 08:47
Сподели
Сподели

Специјалниот суд против организиран криминал и корупција доцна синоќа ја потврди претходно донесената мерка, со која градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, останува во затворски притвор. Мерката ќе ја издржува во затворот во Драч.

Во суд беа повеќе од 7 часа каде освен Велиај беа испрашувани и неговата сопруга Ајола Џоџа и 6 бизнисмени, а судското тело повеќе од два часа одлучуваше околу мерките.

На Џоџа мерката “куќен притвор” и е заменета со “јавување двапати месечно во судот” а и е одземен и пасошот и и е забрането напуштање на земјата.

Еден од бизнисмените доби затворски притвор, додека за останатите  потврдена е првата мерка за јавување во судот.

Адвокатите за Велиај побарале ослободување од притвор со парична гаранција, но било одбиено поради можноста да побегне од земјата.

Велиај (46) кој е градоначалник на Тирана  во три последователни мандати, беше уапсен во понеделникот под обвинение за пасивна и активна корупција, перење пари и непријавување имот, по што му беше изречена мерката „затворски притвор“. 

Во реакција на социјалните мрежи, од притвор, тој го изрази своето незадоволство од тековниот процес, нарекувајќи го нефер и апсурден, додавајќи дека „ниту тој, ни членовите на неговото семејство немаат никаква поврзаност со зборот корупција“.

Во текот на денот, за време на целата расправа,  пред судот беа вработените во општинската администрација, како и граѓани, во знак на поддршка.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Феенорд го победи Милан, Баерн славеше во Шкотска
Следна Статија Околу 75.000 американски федерални вработени ја прифатиле понудата за отпремнина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Во Белград се очекува попладнево голем протест на студентите во блокада

Во главниот град на Србија денеска попладне (16 часот) се очекува да почне голем протест предводен од судентите во блокада,…

March 15, 2025
БАЛКАН

Падна таван во гимназија во Србија

Еден ученик е повреден при пад на дел од таванот во гимназијата Бечеј. Според првичните и неофицијални информации ученичката се…

May 23, 2025
БАЛКАН

Загинаа четворица по пад на мал авион кај Пула во Хрватска

Четири лица загинаа во сериозна авионска несреќа што се случи денес околу 11:20 часот во областа Медулин во Хрватска. Во…

June 4, 2026
БАЛКАН

Откако се повлече од Србија, зетот на Трамп нема да гради комплекс ниту во Албанија

Компанијата „Atlantic Incubation Partners LCC“, сопственост на Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп, откако официјално објави повлекување од…

January 6, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?