Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Градски воз“ од Зелениково до Нова железничка станица до крајот на годината, најави Николоски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > „Градски воз“ од Зелениково до Нова железничка станица до крајот на годината, најави Николоски
МАКЕДОНИЈА

„Градски воз“ од Зелениково до Нова железничка станица до крајот на годината, најави Николоски

Објавено May 8, 2025 08:34
Сподели
Сподели

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски очекува првата линија на „Градскиот воз” на релација Зелениково – Драчево – Кисела Вода – Аеродром – Центар (Нова железничка станица) да биде во функција до крајот на годинава. Се работи, како што рече, за голема инвестиција од 50-тина милиони евра за сите три предвидени градски линии.

„Вчера на владина седница ја разгледавме реализацијата на пректот „градски воз“. Заврши физибилити студијата за целиот прстен. Потребни се околу 50 милиони евра. Дел од тие средства се веќе обезбедени во годинашниот Буџет и ЈП железници инфраструктура за максимум еден месец ќе објави тендер за изградба и рехабилитација на најголемиот дел од инфраструктурата што ќе се користи – линијата од Зелениково преку населбата Драчево ја поставува границата меѓу населбите Аеродром и Кисела Вода и завршува на Новата железничка станица. Очекуваме до крајот на годината да е готова и првите линии на градскиот воз да бидат во функција пред Нова година на линијата Зелениково – Драчево – Кисела Вода – Аеродром – Центар, но паралелно ќе ги развиваме и другите два прстена“, информира Николоски.

На барање на Град Скопје и останатите општини, додаде Николоски, во финална фаза е и подготовката на тендер за набавка на нови еколошки електрични авотбуси, вкупно 120 од кои 80 ќе бидат за Скопје.

Кога ќе ги споите градскиот воз и новите модерни автобуси, јавниот превоз ќе биде на многу попристојно ниво од ова што е сега и очекувам резултатите да бидат до крајот на оваа и почетокот на следната година“, нагласи Николоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Санацијата на старата канализација откри тајни премини на Дубровничка Република
Следна Статија (Видео) Роналдо и третата сезона без титула – ги нападна своите соиграчи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Симулација на вонредна состојба за проверка на капацитетите на МВР и ТАВ Македонија

Симулациска вежба на заложничка криза се одржа денеска на Меѓународниот Аеродром Скопје на Припадници на специјалните сили на Министерството за…

March 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Спортскиот коментатор Тони Стојановски објави разделба со МРТ, се сели во Арена спорт

Следниот ангажман на досегашниот спортски коментатор на Македонската телевизија, Тони Стојановски, ќе биде во Арена спорт. Регионалниот телевизиски канал, кој…

September 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Многу снег падна на Стража, забрана за тешки товарни возил

Поради интензивни врнежи од снег, на патниот правец Гостивар-Кичево и обратно од 16:25 часот е воведена забрана за тешки товарни…

December 8, 2024
МАКЕДОНИЈА

ОЈО ГОКК бара куќен притвор за судијата Ристов, денеска бил сослушан

По два дена шпекулации каде е апелациониот судија Ѓоко Ристов се огласи Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.…

January 20, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?