Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Граничниот премин Евзони за влез во Грција дневно го поминуваат околу 25.000 лица
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Граничниот премин Евзони за влез во Грција дневно го поминуваат околу 25.000 лица
БАЛКАН

Граничниот премин Евзони за влез во Грција дневно го поминуваат околу 25.000 лица

Објавено August 6, 2025 14:40
Сподели
Сподели

Дневно поминуваат околу 25.000 луѓе и излегуваат околу 15.000, вели за грчката државна телевизија ЕРТ претседателот на полициските службеници од Кукуш (Килкис) Плутархос Елефтериадис за граничниот премин Евзони/Богородица, каде што во одредени денови за влез во Грција се создаваат редици автомобили со туристи, како од нашата земја, така и од државите од регионот, јави дописничката на МИА од Атина.

ЕРТ, во прилогот од граничниот премин коментира дека секојдневно има гужви на Евзони со туристи од Балканот кои ја посетуваат северна Грција, додека пак претседателот на полициските службеници објаснува дека се обидуваат да одговорат на зголемениот проток на возила и посочува дека само во текот на изминатиот викенд околу 50.000 туристи влегле кај јужниот сосед преку конкретниот граничен премин.

Додаде дека оваа година има дополнителен број полициски службеници и се отворени девет шалтери за влез во Грција и шест на излез.

– Позитивно е што оваа година имавме мало зајакнување и ова многу помогна и за да биде одморен полицискиот персонал што работи секојдневно, посочи Елефтериадис.

 

Според ЕРТ, за време на летната сезона на граничниот премин Евзони ангажирани се полицајци од северна Грција и нивниот број достигнува до 65, а во секоја смена од грчка страна работат 12 до 18 полициски службеници поради зголемениот број туристи

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Седум намирници за природна детоксикација на црниот дроб: Ги чисти мастите и ги исфрла токсините
Следна Статија Уапсен Германец во Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Вучиќ: Сепак, нема да има прекин на испораката на гас од Азербејџан

Српскиот претседател информира дека бил известен од властите во Азербејџан дека и покрај објективните пречки, нема да прекине испораката на…

January 12, 2025
БАЛКАН

Вучиќ разговараше со Трамп: Верувам во посилно партнерство со САД под негово водство

Српскиот претседател Александар Вучиќ телефонски разговараше со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп. „Одличен разговор со новоизбраниот претседател на САД, Доналд…

November 11, 2024
БАЛКАН

(ВИДЕО) Куче-душкач открило дрога во вредност од 1,7 милиони евра во Грција

Со помош на кучето-душкач Мезкал на крајбрежната служба на Грција во камион што со траект од Италија пристигнал на пристаништето…

January 26, 2026
БАЛКАН

Меѓу жртвите во несреќата во Нови Сад се и сестричките Тина (9) и Сара (5), загина и нивниот дедо

Девојчињата Тина (9) и Сара (5) кои вчера со дедо им биле на железничката станица во Нови Сад во моментот…

November 2, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?