Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Грантови од 10.000 евра за младите земјоделци, велат од Владата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Грантови од 10.000 евра за младите земјоделци, велат од Владата
ЕКОНОМИЈА

Грантови од 10.000 евра за младите земјоделци, велат од Владата

Објавено April 14, 2025 09:30
Сподели
Сподели

Приоритет на Владата и министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е развој на македонското земјоделство, со посебен акцент на младите земјоделци. За таа цел објавен е јавен повик за Мерката 112 со кој обезбедуваме помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност. Вредноста на грантот изнесува 600.000 денари или 10.000 евра, односно 100% од направените трошоци“, извести Владата.

Условите кои треба да се исполнат се:

-лицето кое аплицира да биде на возраст од 18 до 40 години,
-истиот за првпат да започнува со земјоделска активност,
-да преземе постоечко или воспостави ново земјоделско стопанство,
– и да е запишани во единствениот регистар на земјоделски стопанства во последните 18 месеци.

Крајниот рок за доставување на барањата е до 9 мај годинава.

Преку мерки и проекти нашата заложба како Влада е да инвестираме во развој на македонското земјоделство, истото да го направиме поконкурентно на пазарот и да отвориме нови работни места за да го зголемиме доходот на земјоделците.

Владата го враќа изгубеното достоинство на земјоделците. Нивниот труд почнува соодветно да се вреднува.

Нашиот фокус е инвестициите во земјоделството да бидат исплатливи и затоа продолжуваме со интензивна поддршка на земјоделскиот сектор.

Младите имаат одлична можност да започнат свој бизнис и да ги искористат можностите кои ги создаваме“, се наведува во соопштението на Владата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ова е земјата во која минималната плата е 2.638 евра
Следна Статија Рама: Албанија очекува да ги заврши преговорите за членство во ЕУ во 2027 година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Очекувам бројот на странски инвестиции драматично да се зголеми до крајот на годината

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изрази очекување за зголемување на бројот на инвестиции до крајот на годината. Имаме една добра инвестиција…

October 17, 2024
ЕКОНОМИЈА

УЈП: Секоја четврта контрола покажува дека не се издаваат фискални сметки

Секоја четврта контрола покажува дека не се издаваат фискални сметки, велат од УЈП. По околу 4000 контроли кои ги направиле,…

December 7, 2025
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Ги стабилизираме состојбите, растот на економијата ќе го поттикнеме со инвестиции, а тоа ќе влијае на намалување на јавниот долг

Состојбата со јавните финансии ќе ја стабилизираме. Буџетскиот дефицит за наредната година е планиран на пониско ниво, а истовремено очекуваме…

October 26, 2024
ЕКОНОМИЈА

Европската инвестициска банка отвора претставништво во Скопје

Владата на Македонија и Европската инвестициска банка (ЕИБ) денеска потпишаа Спогодба за отворање на претставништво на ЕИБ во Скопје. Овој…

November 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?