Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Граѓаните на еврозоната повторно сигнализираат за зголемување на инфлацијата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Граѓаните на еврозоната повторно сигнализираат за зголемување на инфлацијата
Blog

Граѓаните на еврозоната повторно сигнализираат за зголемување на инфлацијата

Објавено May 30, 2025 09:34
Сподели
Сподели

Инфлацијата во еврозоната се зајакнува, а јазот меѓу растот на платите и цените малку се прошири, според проценките на граѓаните во анкетата на Европската централна банка (ECB), потврдувајќи го трендот од почетокот на пролетта.

Цените во еврозоната се зголемија за 3,1 отсто во април во споредба со истиот период минатата година, според медијаната на проценките на граѓаните.

Пресметките на Европскиот завод за статистика покажаа дека инфлацијата мерена со хармонизираниот индекс на потрошувачки цени (HICP) изнесувала 2,2 отсто во април.

Цените, исто така, ќе се зголемат за 3,1 отсто во следните 12 месеци, што значи дека инфлацијата се забрзува според перцепцијата на граѓаните, бидејќи тие предвидоа зголемување на цените од 2,9 отсто во претходната анкета. На почетокот на пролетта, нивната прогноза покажа зголемување на цените од 2,6 отсто.

За три години, инфлацијата, според средната проценка на граѓаните, треба да ослабне на 2,5 отсто, според анкетата на ECB објавена во средата.

Номиналните плати ќе се зголемат за 0,9 отсто во следните 12 месеци, проценуваат граѓаните, нешто помалку отколку што очекуваа пред еден месец.

Номиналната потрошувачка беше за 4,9 отсто повисока во април отколку минатата година, а до април следната година нејзиниот раст треба да забави на 3,4 отсто, според анкетата на ЕСВ.

Економијата на еврозоната ќе се намали за 1,9 отсто до април следната година, проценуваат граѓаните, значително посилно отколку што очекуваа пред еден месец кога предвидоа пад на активноста во следните 12 месеци од 1,2 отсто.

Стапката на невработеност во еврозоната моментално е 7,1 отсто, според проценките на граѓаните, и треба да се зголеми на 7,8 отсто до април следната година.

Граѓаните проценуваат, според средната вредност, дека цените на становите ќе пораснат за 2,0 отсто до април следната година, а каматните стапки на хипотекарните кредити ќе изнесуваат 3,7 отсто.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Конте ќе остане во Наполи
Следна Статија Уапсени малолетници кои со автоматска пушка пукале во куќа во Тетово

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Групацијата 4иГ основа компанија во Македонија

По неколку успешни аквизиции во Албанија и Црна Гора, унгарската компанија 4иГ (4iG Group) почна со подготовки за влез на…

October 18, 2024
Blog

На Волстрит соборен негативен рекорд од 1978 година

На Волстрит вредноста на акциите вчера падна, а индексот Дау Џонс се намали деветти ден по ред, додека инвеститорите ги…

December 18, 2024
Blog

Банкротираше шведски „Нортволт“, европскиот ривал на азиските гиганти за производство на батерии за електрични возила

Шведската компанија за производство на батерии за електрични возила „Нортволт“ поднесе барање за банкрот поради сериозни финансиски и производствени проблеми.…

March 13, 2025
Blog

Мета казнета во Африка

Суд во Нигерија ја отфрли жалбата на Мета против казната од 220 милиони долари што му ја изрече на сопственикот…

April 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?