Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Граѓаните на Ѓорче Петров го пречекаа победникот на „Ѕвездите на Гранд“, Никола Станишиќ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Граѓаните на Ѓорче Петров го пречекаа победникот на „Ѕвездите на Гранд“, Никола Станишиќ
ЗАБАВА

Граѓаните на Ѓорче Петров го пречекаа победникот на „Ѕвездите на Гранд“, Никола Станишиќ

Објавено July 12, 2025 11:44
Сподели
Сподели

Годинешниот победник во најпопуларното регионално музичко телент шоу „Ѕвездите на Гранд“, нашиот Никола Станишиќ вчера, (петок 11 јули 2025) околу 19 часот се врати во Скопје.  Први го дочекаа неговите сограѓани од скопската општина Ѓорче Петров, а оној кој прв го пречека беше градоначалникот Александар Стојковски.

По средечното добредојде исполнето со прегратки и честитки, градоначалникот на Ѓорче приреди мал прием во просториите на општината, каде на победникот му беше врачен скромен подарок за спомен и сеќавање.

Врамен рачно изработен грб на Ѓорче Петров, како симбол на општината во која „Гранд“(е) победникот живее.

По кусиот разговор Никола заедно со екипата и градоначалникот Стојковски тргнаа кон паркот во Ѓорче каде околу веќе поставената сцена беше собран мноштво народ, воглавно од неговите сограѓани кои едвај чекаа да го видат и поздрават нивниот сожител кој ја направи Македонија повторно горда.

Новинарот и водител Антонио Димитриевски им се обрати на собраните и ја најави идната македонска музичка ѕвезда, по што Никола Станишиќ со победничката статуетка в раце се појави на бината.

Следуваа овации, аплаузи и општа еуфорија од неколкуилјадната маса луѓе кои го скандираа неговото име. По кусотиоо обраќање кон нив и едно две прашања од модераторот на настанот, Никола го започна своето музичко шоу изведувајќи ги песните кои ги пееше и на своите појавувања воп „Ѕвездите на Гранд“.

Репертоарот составен од познати македонски фолк и поп хитови дополнително ја разнежни публиката, чии телефони постојано фотографираа и снимаа.

Особено еуфорични беа најмладите, па стотици од нив  не можеа да дочекаат да се фотографираат со својот нов идол, за на крајот многумина и самите да му се придружат на сцената.

Никола видно возбуден и емотивно расположен им се заблагодаруваше на сите по ред, ветувајќи дека нема тука да застане и дека ќе направи се да ги донесе сите свои колеги од годинешното натпреварување на „Ѕведите на Гранд“ на голем заеднички концерт во Скопје, заедно со неговата менторка, балканската фолк дива Цеца Ражнатовиќ.

Особено ги разнежни сетилата на присутните, кога специјално и се заблагодари на жената без која не би бил ништо од ова што е денес – неговата мајка, која беше во публиката меѓу присутните, а тој ја замол да не плаче, иако таа не можеше да ги задржи и скрие солзите.

По завршувањето на настапот победникот се фотографираше со мноштвото обожаватели, по што замина во своето Волково, каде следуваше дополнителна фешта во негова чест.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Владата ќе даде 1,7 милиони евра за македонскиот павилјон на ЕКСПО 2027 во Белград
Следна Статија Грчкиот остров Закинтос го погоди земјотрес

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Нова шанса за љубовта: Ирина Шајк и Том Брејди повторно заедно?

Супермоделот Ирина Шајк и познатиот освојувач на „Супер Боул“, Том Брејди, наводно се повторно заедно, дознава „Пејџ Сикс“. Изворите тврдат…

February 24, 2025
ЗАБАВА

(Фото) Педро Паскал и Џенифер Анистон се во врска?

Актерката Џенифер Анистон (56) во саботата вечерта е видена во друштво на актерот Педро Паскал (49) откако поминале три часа…

March 25, 2025
ЗАБАВА

„Зимска приказна“ како двигател на локалниот туризам во Битола

Битола, позната по својата богата историја и културно наследство, во зимските месеци добива посебен шарм преку фестивалот „Зимска приказна“. Овој…

December 24, 2024
ЗАБАВА

Русија лансира своја верзија на Евровизија

Рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот потпиша указ за формирање руска верзија на Изборот за песна на Евровизија, откако земјата…

February 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?