Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Груби реши да се предаде бидејќи знае дека власта во скоро време нема да се промени, а ниту една земја не сака да даде азил на лице од црната листа на САД
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Груби реши да се предаде бидејќи знае дека власта во скоро време нема да се промени, а ниту една земја не сака да даде азил на лице од црната листа на САД
МАКЕДОНИЈА

Груби реши да се предаде бидејќи знае дека власта во скоро време нема да се промени, а ниту една земја не сака да даде азил на лице од црната листа на САД

Објавено February 23, 2026 20:04
Сподели
Сподели

Антонио Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во централниот Дневник на телевизија Алсат, се осврна на темата за поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој денеска беше уапсен на еден од граничните премини, а за кој имаше  меѓународна потерница уште од декември 2024 година. По однос на ова Милошоски вели дека во Собранието во земјава немало никаква информација за него, иако според него, Груби самиот ја проценил ситуацијата дека нема да има промени во власта во земјава. Како што вели тој, станува збор за функционер кој се најде на црната листа на САД, и затоа ниедна земја не би била гостопримлива да му овозможи престој.

,,Политички ако се разгледа самото негово однесување, па и ако се поврзе со однесувањето на ДУИ во изминатиот период. Веројатно во изминативе 12  или 14 месеци имал време да процени дека нема да има брзи политички промени во однос на власта во Македонија. Тоа што ДУИ го очекуваше или го најавуваше после поразот нивниот пораз на изборите. И тоа може да биде една и од мотивациите на господинот Груби да не одолговлекува и да се пријави на органите на прогонот“, рече Милошоски.

Според него, овде станува збор не само за лице кое што е осомничено од македонското јавно обвинителство, туку како што вели тој, се работи за функционер којшто се најде на црната листа на САД.

 ,,Било која земја, каде и да престојувал, без да прејудицирам, не верувам дека е расположена таквото гостопримство да му го овозможи бесконечно. Дипломатскиот притисок од една или од друга страна може да биде скап на таа земја која што би била домаќин на еден ваков човек којшто е осомничен“, истакна Милошоски.

Милошоски порача дека власта смета оти е време за одговорност, без да прејудицира како ќе започне или заврши процесот. Тој вели дека немало никаква информација во однос на предавањето на Артан Груби.

,,Во Собранието не сме имале таква информација, но политичките проценки што сме ги имале вака како владеачко мнозинство, особено после изборите и во Косово информирањето таму на една постабилна влада со која што господинот Груби, можам  да кажам ете и нема некои најдобри релации, проценките беа дека порано или покасно ќе се појави пред органите на прогонот“, заклучи Милошоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија МНР апелира до македонските државјани кои се во Мексико да ја напуштат државата поради тамошните немири
Следна Статија Македонија прва на Балканот и втора во Европа по договори на определено време, објави Евростат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Очекувам убедлива победа, излеговме со конкретни проекти, а СДСМ со црна кампања и лаги

Не е тајна дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ на сите анкети има убедлива предност, во однос…

October 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Димитриевски: Во Македонија нема простор за отворање мигрантски кампови

Во Македонија нема простор за отворање мигрантски кампови, рече денеска претседателот на Движењето ЗНАМ - За Наша Македонија, Максим Димитриевски.…

December 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Советник на Оливер Спасовски давал насоки на обвинителите во СЈО како да постапуваат по одредени предмети

Поранешната обвинителка од Специјалното јавно обвинителство, Лејла Кадриу, јавно проговори за тоа како работело Специјалното јавно обвинителство со кое раководеше…

February 8, 2026
МАКЕДОНИЈА

Правдата е бавна, но доаѓа: Наќе Чулев бил незаконски отпуштен, утврдил судот

По долгите судски процеси, судовите утврдија дека одземањето на безбедносниот сертификат и моето отпуштање биле незаконски, дека целата конструкција била…

December 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?