Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Групацијата 4iG именува извршен директор и заменик-извршен директор на OНЕ Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Групацијата 4iG именува извршен директор и заменик-извршен директор на OНЕ Македонија
Blog

Групацијата 4iG именува извршен директор и заменик-извршен директор на OНЕ Македонија

Објавено June 18, 2025 16:16
Сподели
Сподели

4iG, водечка телекомуникациска и ИТ-групација во Централна и Источна Европа, именува двајца високи извршни директори да ја водат гринфилд инвестицијата во Македонија, OНE Mакедонија Телекомуникации ДООЕЛ. Овој потег претставува важен чекор во подготовката на Групацијата да учествува на националниот тендер за фреквенции и да воведе трет мобилен оператор со целосна услуга на македонскиот пазар.

Брано Ѓуровиќ е назначен за главен извршен директор на OНЕ Македонија. Ѓуровиќ е искусен извршен директор со повеќе од две децении богато искуство во телекомуникацискиот и технолошкиот сектор низ целиот Западен Балкан и пошироко. Како поранешен извршен директор на OНЕ Албанија, тој успешно ја водел трансформацијата на бизнисот по преземањето, обезбедувајќи подобри перформанси, проширена покриеност и дигитално интегрирано корисничко искуство. Претходно, тој бил комерцијален директор во ОНЕ Црна Гора, а пред тоа работел во Ericsson, Microsoft и други регионални даватели на услуги, каде што бил одговорен за стратегиите за дигитализација, B2B менаџмент на регионално ниво и национални инфраструктурни проекти.

„ Македонија претставува стратешки важен нов пазар за групацијата 4iG. Растечката побарувачка во земјата, квалификуваната работна сила и дигиталните амбиции се добро усогласени со нашите долгорочни цели. На пазарот не влегуваме со слогани, туку со докажан оперативен модел и силна посветеност на квалитетна услуга. Нашата цел е да направиме модерни, безбедни и инклузивни телекомуникациски услуги достапни за сите, обезбедувајќи конкретни придобивки за секој граѓанин“ – изјави Брано Ѓуровиќ, извршен директор на OНЕ Mакедонија.

Габор Алтман е именуван за заменик-извршен директор на OНЕ Mакедонија. Алтман има повеќе од 25 години искуство во раководење на телекомуникациски компании, развој на инфраструктура и дигитални иновации. Тој имал извршни позиции во неколку големи телекомуникациски компании и системски интегратори, каде што раководел со програми за трансформација, проекти за подготовка за 5G и модернизација на корисничките услуги. Алтман е познат по изградбата на ефикасни организациски структури и проширувањето на гринфилд инвестициите со дисциплиниран и брз пристап, што го прави идеален избор за динамичниот пазар во Северна Македонија. Тој повторно се враќа на македонскиот пазар, носејќи претходно искуство од неговата работа во Македонски Телеком во Скопје, каде што од 2008 до 2012 година извршувал повеќе високи комерцијални позиции.

„Ова е ретка можност, да се дизајнира телекомуникациска компанија од следната генерација од самиот почеток, со целосен локален фокус и стратешка поддршка. Со поддршка од Групацијата 4iG и со почит кон македонскиот пазар и институциите, подготвени сме да започнеме со градење од првиот ден. Исто така, ми претставува особено задоволство што се враќам во Скопје, каде што имав можност да работам пред повеќе од десет години, искуство кое продолжува да ја обликува мојата професионална перспектива“, изјави Габор Алтман, заменик-извршен директор.
Групацијата 4iG веќе има основано локално правно лице и се подготвува да учествува на тендерската постапка за фреквенции, распишана од Агенцијата за електронски комуникации (АЕК). Нивното влегување на пазарот во Македонија не претставува само комерцијална експанзија, туку и долгорочна стратешка инвестиција во дигиталната иднина на земјата.

Работејќи под брендот OНЕ во Албанија и Црна Гора, Групацијата 4iG опслужува над 2,2 милиони индивидуални и 400 000 деловни корисници и активно гради безбедни мрежи со високи перформанси низ целиот Западен Балкан. Со богато искуство во воведување инфраструктура подготвена за 5G и усогласена со ЕУ, компанијата има уникатна позиција да ги поддржи целите на Северна Македонија за поголема конкуренција, инклузија и дигитални иновации.

За 4iG:
4iG Nyrt., со седиште во Будимпешта и во мнозинска сопственост на унгарски акционери, е една од водечките телекомуникациски и инфо-комуникациски корпорации во Унгарија и регионот на Западен Балкан. Како компанија котирана на берзата во Будимпешта, 4iG е препознатлива по свежиот и иновативен пристап. Како водечки унгарски телекомуникациски и ИТ систем интегратор, 4iG е клучен играч во дигиталната трансформација во регионот.
Како сопственик на ОНЕ Црна Гора и ОНЕ Албанија, групацијата 4iG опслужува скоро 2,2 милиони резиденцијални и 400 000 деловни корисници низ целиот Западен Балкан и е лидер на пазарот во телекомуникациските и инфо-комуникациските услуги во регионот. Како членка на O-RAN Alliance, групацијата е посветена на градење мрежи користејќи технологија од веродостојни и сигурни извори во рамките на иницијативата „Чиста мрежа“.
Со повеќе од 8000 високо квалификувани професионалци, 4iG обезбедува телекомуникациски и инфо-комуникациски услуги од највисок ранг, прилагодени на постојано променливите барања на пазарите на кои работи. Динамичната стратегија за проширување на Групацијата ја зацврсти нејзината позиција како значаен играч во телекомуникацискиот сектор и во Унгарија и на Западен Балкан.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кривична за полицаец: Издал одобренија за привремен престој на лица кои претставуваат закана за Македонија
Следна Статија 21-годишник се обидел со нож да се пресметува со полицијата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Тина Иванова ја доби на суд поранешната министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска

Поранешната директорка на Македонската филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска. Управниот суд…

February 11, 2025
Blog

Дневен хороскоп за Вага – четврток, 30 јануари 2025

💡 Општа енергија на денот: Целиот ден иатричи активација на креативната енергија за оние кои се под зодијакот на Вага.…

January 30, 2025
Blog

Остар пад на биткоинот, сега вреди 78.520 евра

Вредноста на биткоинот падна за 5,17 отсто на 78.520,27 евра денеска во 15 часот на најголемата светска берза за криптовалути…

March 1, 2025
Blog

Дневен хороскоп за Водолија – понеделник, 17 февруари 2025

💡 Општа енергија на денот: Енергијата на овој ден поклонува јакнење на внатрешната мотивација кај Водолиите. Иако сте познати како…

February 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?