Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Грција бара од Владата да го користи уставното име
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Грција бара од Владата да го користи уставното име
ПОЛИТИКА

Грција бара од Владата да го користи уставното име

Објавено July 23, 2025 20:02
Сподели
Сподели

Поддршката од Грција за европскиот пат на Северна Македонија останува силна, но придружена со порака за целосна имплементација на Преспанскиот договор. Ова го истакна шефот на грчката дипломатија, Јоргос Герапетритис, на заедничката прес-конференција со македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, кој престојува во прва официјална посета на Атина.

„Дозволете ми да ја подвлечам важноста на целосната и bona fide имплементација на Преспанскиот договор, вклучително и користењето на уставното име на земјата за севкупна употреба (ерга омнес)“, изјави Герапетритис.

Двајцата министри разговараа за продлабочување на билатералната соработка, регионалната стабилност и заедничките економски и енергетски проекти. Станало збор за проекти, како Коридорот 10 и за гасниот интерконектор. Реафирмирана е заедничката посветеност во рамките на НАТО и потребата за блиска координација. Поддршката за Украина мора да остане, заклучија министрите.

Муцунски ја нагласи важноста на меѓусебната почит: „Длабоко и искрено верувам во нашите односи и во силата на дипломатијата заснована на почит“.

Муцунски изрази благодарност за грчката помош по трагедијата во Кочани и пожарите во близина на Дојран.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија На јавниот повик за ангажирање лица за справување со пожарите пријавени помалку од 500 кандидати
Следна Статија УЈП ќе спроведува засилени контроли кај такси превозот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Коалицијата „Вреди“ ќе стане една партија

На македонската политичка сцена ќе се роди нови субјект. Лидерот на демократското движење, Изет Меџити потврди дека од наредната недела…

April 20, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски објави видео: Ги поставивме темелите, доаѓа времето на Македонија!

Колку долго може човек да чека? Седум години во кои тишината стануваше правило, а неправдата навика, во кои вистината беше…

June 25, 2025
ПОЛИТИКА

Петрушевски: Да се истражи поврзаноста на Филипче и Заев со фирмата од која беа запленети 30 тони дрога

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, обвини дека на виделина излегла поврзаноста на поранешниот министер за здравство Венко Филипче и поранешниот…

February 15, 2026
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Се додека ја водам Владата ќе ги бранам националните интереси

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во своето гостување во „Тема на денот“ во Дневникот на Сител телевизија истакна дека додека…

October 17, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?