Грција најави нов, автоматски систем за контрола на сообраќајни прекршоци, кој нема да им дозволи на странците да ја напуштат земјата доколку имаат неплатена казна.
Грчкото Министерство за дигитална администрација објави воведување на нов систем кој директно ќе ја поврзе сообраќајната полиција со царината. Ова значи дека, штом ќе пристигнете на границата, системот автоматски ќе ги прикажува сите неплатени казни за сообраќајни прекршоци во Грција.
Без разлика дали полицијата ве запрела и ви напишала казна, или сообраќајните камери ве фатиле како правите прекршок, сметката ќе ве чека на границата.
Тоа ќе функционира во реално време, односно откако ќе го сторите прекршокот, веднаш ќе бидете регистрирани, а казната ќе биде веќе на граничниот премин, пред да стигнете до него, па кога полицискиот службеник ќе го провери вашето возило, ќе види дека сте направиле прекршок и нема да ви биде дозволен излез, додека не се подмири долгот.
Ова е неопходно поради тоа што Грција пишува казни од 100 до 110 милиони евра годишно, а наплатата е само 40 милиони.