Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Грција денеска парализирана од генерален штрајк
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Грција денеска парализирана од генерален штрајк
БАЛКАН

Грција денеска парализирана од генерален штрајк

Објавено October 1, 2025 08:48
Сподели
Сподели

Без бродски и железнички сообраќај е денеска Грција поради 24-часовниот генерален штрајк на најголемите грчките синдикати на вработените во државниот сектор (АДЕДИ) и во приватниот сектор (ГСЕЕ), во кој учествуваат и државни службеници, наставници, здравствени работници, морнари, таксисти итн, јави дописничката на МИА од Атина.

Штрајкот, што ќе ја парализира земјата е поради новиот закон за работни односи, кој според синдикатите предвидува и 13 часовно работно време, бараат повлекување на одредбите за уредување на работното време и негово намалување, но и целосно враќање на слободните колективни преговори.

Бродовите денеска ќе останат закотвени на пристаништата, возовите на пероните, а единствено нема да има проблеми во воздушниот сообраќај со оглед на тоа што закажаниот штрајк на контролорите на летање, надлежниот суд го прогласи за незаконски.

Атина денеска е без такси превоз, поради учеството на такси возачите во штрајкот, а проблеми ќе има и во јавниот превоз, со оглед на тоа што метрото, автобусите, трамваите и тролејбусите ќе сообраќаат неколку часа.

Во штрајкот учествуваат и синдикатите на вработените во државните болници, студентски здруженија и организации, просветните работници организирани од нивниот синдикат, со што можно е некои училишта да бидат затворени.

Во Солун, во Атина и во други грчки градови за претпладнево закажани се протести.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ново поскапување на цигарите, нека му ја мислат пушачите
Следна Статија Кандидатот на СДСМ за Пробиштип, Анастасов: Бесплатен седумдневен летен одмор за сите полуматуранти, бесплатна екскурзија низ Европа за сите матуранти во новиот мандат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

„Ќе ти ги убиеме децата“, пишувало во пораката до Вучиќ

Опозиционерот Младен Тањга објави стихови во кои директно му се заканува на семејството на претседателот Александар Вучиќ. Во објавената песна…

February 17, 2025
БАЛКАН

Мајката на Данка: Овој човек знае каде е мојата ќерка

Ивана Илиќ, мајката на малата Данка Илиќ од Бор, која според обвинението на Вишото јавно обвинителство од Зајечар, беше убиена…

October 29, 2024
БАЛКАН

(Видео) Автобус со српски туристи каменуван во Грција, има повредени

Автобус со 38 српски туристи бил каменуван синоќа на автопатот Егнација, во Солун. Според полицискиот извештај, инцидентот го предизвикале четири…

August 21, 2025
БАЛКАН

Зетот на Трамп гради луксузен комплекс во центарот на Белград со милијардер од ОАЕ

Зетот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер и милијардерот од Обединетите Арапски Емирати Мохамед Алабар заеднички ќе изградат…

January 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?