Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Грчката професорка Јоаниду: Не постои ниту еден Грк кој во странство би се претставил како „Македонец“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Грчката професорка Јоаниду: Не постои ниту еден Грк кој во странство би се претставил како „Македонец“
МАКЕДОНИЈА

Грчката професорка Јоаниду: Не постои ниту еден Грк кој во странство би се претставил како „Македонец“

Објавено August 13, 2025 09:21
Сподели
Сподели

Професорката на Одделот за балкански, славистички и ориентални студии на солунскиот Универзитет „Македонија“, Александра Јоаниду, е нетипичен претставник на односот на грчките академски кругови во однос на Македонија и Македонците. Таа својата кариера, меѓу другото, ја има посветено на проучувањето на македонските говори во северозападна Грција, но и на доследното разбивање на табуата и предрасудите во грчкото општество околу „македонското“ прашање. Во 2011 година дури беше и отпуштена од универзитетот во Солун поради нејзините ставови и нејзината активност.

Во интервју за „Дојче веле“ на македонски јазик, професорката Јоаниду вели дека во нејзината земја реакциите околу македонскиот јазик „попуштиле“.

„Мислам дека реакциите на македонскиот јазик во Грција попуштија. Можеби поради Преспанскиот договор, а можеби и затоа што од таа тема на луѓето полека им е преку глава. Во секој случај, сѐ уште има и такви кои реагираат жестоко при секое спомнување на македонскиот јазик или идентитет, но со време тие луѓе сѐ повеќе запаѓаат на работ на општеството“, вели професорката.

Запрашана околу конференцијата за македонскиот јазик на универзитетот во Солун лани во декември, околу која се крена многу прашина во Грција, професорката вели дека таа и нејзините колеги меѓу другото нагласувале дека не само Грција, туку и меѓународната заедница со Преспанскиот договор го има потврдено името на јазикот и македонскиот идентитет.

„Ние укажувавме, пред сѐ, на тоа колку апсурдно и смешно е барањето да не се споменува македонскиот јазик. Наводно употребата на поимот „македонски јазик“ ги „повредувало“ чувствата на „осетливите“ грчки сограѓани. Најважниот аргумент против оваа глупост, се разбира, беше меѓународното признавање на името на јазикот и на идентитетот со Преспанскиот договор. Важно е и тоа, на што постојано укажувам: не постои ниту еден Грк кој во странство би се претставил себеси како „Македонец” – и не постои никаков грчки јазик којшто е во употреба и којшто се нарекува „македонски”, вели Јоаниду.

Во однос на Македонците во Грција, професорката вели дека Преспанскиот договор е „амбивалентен, затоа што се обидува да го избегне признавањето на постоењето во Грција на едно население со етнички и јазичен идентитет кој е поинаков од грчкиот“.

„Во секој случај, мора да биде истакнато дека правото на самоопределување е едно од темелните права во целиот свет, а тоа веќе со децении е загарантирано во меѓународното право. Затоа би рекла дека на грчките државјани со македонска етничка самосвест и јазик не смееме да им го забраниме правото себеси да се нарекуваат Македонци и да го зборуваат македонскиот јазик“, вели професорката во интервјуто со Кица Колбе за „Дојче веле“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Голем пад на „Тесла“ на два важни пазари, кинескиот бренд процвета
Следна Статија Доктор Даниловски за комарците: Не се толку проблем здодевните убоди и чешањето, туку заразните болести

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Пуштена за сообраќај скопската обиколница, сообраќајот кон ГП Блаце само за патнички возила

Министерството за внатрешни работи соопшти дека скопската обиколница целосно е пуштена за сообраќај. Од 17:20 часот пуштен е сообраќајот и…

July 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ништо ново: Кос ни порача дека Европа не може да биде обединета без Западен Балкан

Првпат во историјата на Европа, доколку правилно работиме, со процесот на проширување можеме да ја обединиме Европа. Европа не може…

July 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Mистеријата останува нерешена: 30 години од атентатот врз Киро Глигоров

На 3. октомври во 1995 година беше извршен атентат врз првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров. Глигоров со…

October 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата

Правењето на фама околу Јени Џамија е еден од класичните примери за тоа како ДУИ тоне во сопственото политичко мочуриште…

November 22, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?