Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Грчки левичарски сојуз е името на новата партија на Ципрас
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Грчки левичарски сојуз е името на новата партија на Ципрас
БАЛКАН

Грчки левичарски сојуз е името на новата партија на Ципрас

Објавено May 27, 2026 09:00
Сподели
Сподели

– Денеска се раѓа нова политичка сила, со цел не само политичка промена, туку и промена на политиките, порача поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас за време на митингот во центарот на Атина, промовирајќи ја неговата нова партија под името Грчки левичарски сојуз или скратено ЕЛАС, јави дописничката на МИА од Атина.

Со Акропол зад него, од историската атинска населба Тисио, Ципрас порача дека „дојде денот“ и дека се прави првиот чекор за „ново општествено мнозинство“.

Тој говореше за седумте заложби вклучени во основачката декларација: за живот со достоинство, силна демократија и економија, праведен развој, социјална држава, дигитален суверенитет и силна Грција, која гради мостови на мирот.

– Основачката декларација што вечерва ја држам в раце е нашиот компас за нова Грција. Компас кон нова визија. Демократски план за 21 век. Кон моралната револуција што ѝ е потребна на татковината. И кон нов патриотизам, нераскинливо поврзан со општествената правда. Патриотизам што ја брани демократијата и нејзиното продлабочување во сите сфери на власта и општеството, истакна Ципрас.

Тој нагласи дека се означува почетокот на нов колективен напор за создавање голема прогресивна коалиција, односно, како што рече, приближување на трите историски струи на прогресивниот простор што ја претставуваат современата левица: радикалната левица, социјалдемократијата и политичката екологија, истакнувајќи дека „тоа е владејачката левица на новата ера.“

Боите на партијата се боите на спортскиот клуб Барселона, како што и самиот соопшти пред неколку дена во видео објавено на социјалните мрежи, односно сината и црвената.

Сината што е бојата на Грција, црвената што, како што истакна, ги означува нивните борби.

Ципрас 15 години беше лидер на СИРИЗА, а во периодот од јануари 2015 година до јули 2019 година, додека партијата беше на власт, беше премиер на Грција.

По изборниот пораз пред три години, кога неговата партија загуби со над 20 отсто разлика од владејачката Нова демократија, си поднесе оставка од позицијата претседател на левичарската партија, но продолжи да биде пратеник сè до октомври 2025 година кога се повлече и од оваа позиција.

Сега, во пресрет на парламентарните избори што редовно треба да се одржат следната година, со своја партија се врати на политичката сцена во Грцијагр

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Kaко малиот клуб од Мадрид стигна до европско финале
Следна Статија Филипче гарант нема слушнато дека Радев зборувал оти Гоце Делчев е Бугарин а писменоста кај словенските народи дошла од Бугарија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

(ВИДЕО) Усташка песна е хит на хрватските ракометари

Хрватска постигна одличен успех на Светското ракометно првенство. Ќе игра во финалето против Франција. Навивачите се во делириум и во…

February 1, 2025
БАЛКАН

Бугарија лансираше сателит „Балкан1“

Успешно е лансиран првиот бугарски сателит „Балкан-1“ кој ќе пренесува податоци за програмата Коперник на Европската унија, јави БТА. Развиен…

January 15, 2025
БАЛКАН

(ВИДЕО) Ердоган ја покажа турската „Челична купола“ – нов систем за противвоздушна одбрана

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган  официјално го инаугурираше интегрираниот систем за противвоздушна одбрана на Турција, познат како „Челична купола“. На…

August 28, 2025
БАЛКАН

(Видео) 15-годишен тинејџер со нож уби полицаец во БиХ, испратил чудни пораки пред нападот

15-годишен тинејџер синоќа ја нападнал полициската станица во Босанска Крупа, каде убил еден полицаец, а друг тешко ранил. Нивниот идентитет…

October 25, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?