Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ГТЦ пропаѓа: Дуќани се изнајмуваат и за нула денари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > ГТЦ пропаѓа: Дуќани се изнајмуваат и за нула денари
МАКЕДОНИЈА

ГТЦ пропаѓа: Дуќани се изнајмуваат и за нула денари

Објавено April 5, 2025 09:27
Сподели
Сподели

Градскиот трговски центар (ГТЦ), некогаш архитектонски и бизнис бисер на Скопје, денес ја носи титулата на едно од најзапуштените и руинирани згради во срцето на главниот град. Од една од најпосетените дестинации, овој објект стана слика на деконструкција и запоставеност. Инцидентот во кој падна дел од покривот на објектот поради дефектен климатизер, со среќа без повредени, е само последното предупредување дека ГТЦ се наоѓа на работ на целосен распад.

Во текот на денот, ГТЦ привлекува голем број на посетители, но тие се претежно ограничени на приземјето, каде што се сместени продавниците, кафулињата, рестораните и банкарските услуги. Овде фреквенцијата на луѓе е најголема, но сликата на празни излози и лошо одржувани простории во другите катови ја разоткрива реалноста на ГТЦ – зграда која не успева да привлече нови изнајмувачи или инвеститори.

„Се издава“, „Се продава“ – овие натписи се најчести на излозите на првиот и вториот спрат, каде повеќето дуќани и канцеларии одамна се затворени или се уште трагаат по нови сопственици. Притоа, цените за изнајмување и купување не се ниски, а многу од тие простории иако се во лоша состојба, се понудени по цени од 1.500 до 2.500 евра за квадратен метар.

„Дуќанот го издавам без пари, ваше е само да ги плаќате трошоците за одржување“, изјави еден од сопствениците, кој веќе две години не успева да најде купец или изнајмувач за својот простор.

Сопствениците на празните простории се соочуваат со се поголеми проблеми, но одржувањето на објектот продолжува да биде скапо и тешко. Некои од нив се одлучуваат на екстремни мерки, како што е изнајмување на просториите за „нула денари“, со што се обидуваат да ги покријат трошоците за одржување.

Во минатото, ГТЦ беше една од најголемите атракции во Скопје, но денес, по поставувањето на зелениот покрив од страна на градската власт во 2017 година, објектот продолжува да се распаѓа. Иако покривот беше замислен како јавен простор за луѓето, тој остана запоставен, а зеленилото изумре под управата на актуелната градска власт.

Сегашната судбина на ГТЦ, оваа некогашна икона на Скопје, останува неизвесна. Со заборавената архитектура, напуштените простории и континуирано слабење на инфраструктурата, ГТЦ чека својата иднина, која повеќе не е она што некои се надеваа дека ќе биде.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Димитриевски: Филипче манифестира „чисто лицемерие“
Следна Статија Ирска е земја со најмоќниот пасош во светот, Македонија е на 81 место

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Фетаи: Обвинителството има законска обврска да го повика Ахмети на распит

Вицепремиерот Арбен Фетаи вели дека Обвинителството треба да го повика на распит првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, бидејќи овој…

December 30, 2024
МАКЕДОНИЈА

Започна 16-тата Школа за млади лидери „Младинска агенда за одржлив свет“

Синоќа започна 16-тата Школа за млади лидери на претседателот Иванов, која ќе се одржува во следните две недели, во периодот…

November 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа – триумф на народот!

„Ветивме победа, имаме победа! Триумф на народот, на верниот народ. Вечерва Македонија не избра партија, туку насока. Избра вредности“. Ова…

October 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Гостиварските угостители користат прибор за еднократна употреба

Кафулињата, пицериите, пекарниците, слаткарниците и други оператори со храна во Гостиварско ја почитуваат забраната за употреба на водата, покажаа вонредните…

July 23, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?