Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Гувернерот Славески во работна посета на Банката на Англија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Гувернерот Славески во работна посета на Банката на Англија
ЕКОНОМИЈА

Гувернерот Славески во работна посета на Банката на Англија

Објавено December 1, 2025 10:55
Сподели
Сподели

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, оствари работна посета на Банката на Англија во Лондон, заради засилување на билатералната соработка и за размена на експертски искуства со една од најстарите и најзначајни централни банки во светот.

Во текот на посетата, гувернерот Славески оствари повеќе работни средби со високи претставници на Банката на Англија, меѓу кои и со гувернерот Ендрју Бејли.

Особено значаен дел од агендата беа активностите поврзани со управувањето со златните резерви. Во тој контекст, беше организирана посета на трезорот на Банката на Англија, каде што Народната банка ги чува резервите во монетарно злато, заради подобро запознавање и увид во оперативните процедури за чување и ракување со монетарното злато, сигурносната заштита и во можностите коишто Банката на Англија ги нуди за пристап до пазарот за злато во Лондон, како најголем светски пазар преку шалтер на овој благороден метал.

Гувернерот одржа и работни средби со главниот економист на Банката на Англија, Хју Пил, и со заменик-гувернерката Сара Бриден. На средбите се разговараше за актуелните предизвици во спроведувањето на монетарната политика и за технолошките иновации во секторот на финансии.

Посетата беше во организација на Центарот за студии од областа на централното банкарство (CCBS) при Банката на Англија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Елизабет Холмс ја посети семејството за Денот на благодарноста додека е во затвор
Следна Статија Четири лица загинаа, десет повредени на роденден во Калифорнија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски: Ќе се гради алтернативен пат на трасата Тетово – Гостивар за да не се отсечат жителите од Полог

Пред да започнеме со изградба на aвтопатот Тетово – Гостивар, изведувачот најпрво ќе изгради алтернативен пат за да не се…

November 29, 2024
ЕКОНОМИЈА

Новоизбраните вицегувернери дадоа свечена изјава во Собранието

Вицегувернерите на Народната банка, Ана Митреска и Игор Величковски, денеска дадоа свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши, со…

April 9, 2026
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Многу наследени проекти се прекинуваат поради објективни проблеми, се прават законски измени за проценка на проектите над 2 милиона евра

Сите јавни инвестиции над 120 милиони денари или 2 милиони евра ќе поминуваат филтер во Министерството за финансии и ќе…

December 26, 2024
ЕКОНОМИЈА

Во прашање се денови кога ќе се пушти пругата кон Бугарија во должина од 30 км, вели Николоски

Пуштање на првата фаза од експресниот пат Прилеп-Градско и пругата кон Бугарија на потегот од Куманово до Бељаковце, како и…

January 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?