Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Гувернерот Славески: Денарот е стабилен, институциите се подготвени за навремена реакција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Гувернерот Славески: Денарот е стабилен, институциите се подготвени за навремена реакција
ЕКОНОМИЈА

Гувернерот Славески: Денарот е стабилен, институциите се подготвени за навремена реакција

Објавено March 26, 2026 13:14
Сподели
Сподели

„Довербата во денарот и натаму е стабилна, без значителни промени во однесувањето на депонентите“, истакна гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески во гостување во емисијата „Тема на денот“ на Сител телевизија.

„По краткотрајни реакции карактеристични за секоја неизвесност, состојбата брзо се стабилизира. Нема намалување на депозитите, напротив, тие бележат раст, што е јасен показател за довербата на граѓаните во банкарскиот систем“, посочи гувернерот.

Банкарскиот систем и натаму е стабилен и отпорен, со високо ниво на капитал и ликвидност. Адекватноста на капиталот изнесува околу 19%, обезбедувајќи значителен заштитен слој во услови на неизвесност.

Осврнувајќи се на инфлацијата, гувернерот истакна дека тековните случувања во светот носат одредени ризици, пред сè преку цените на енергентите и нарушувањата во светските синџири на снабдување. Сепак, Народната банка внимателно ги следи состојбите и е подготвена да реагира со сите расположливи инструменти.

Како дополнителен столб на стабилноста беа посочени девизните резерви, коишто на крајот на февруари изнесуваа над 5,5 милијарди евра, што е значително повисоко ниво од 70% во однос на периодот пред пандемијата, обезбедувајќи сигурна поддршка за стабилноста на девизниот курс.

Во однос на изборот на вицегувернери, гувернерот истакна дека постапката се одвива согласно законските процедури. Предложени се двајца високо искусни професионалци од Народната банка – госпоѓата Ана Митреска, досегашен вицегувернер со искуство во монетарна политика и истражување, и господинот Игор Величковски, експерт за платни системи и интеграција во регионални и европски платежни структури. Овие предлози обезбедуваат континуитет во работењето и дополнителна стабилност на институцијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Гаши против „ад-хок“ отворање на Уставот
Следна Статија Никој нема против албанскиот јазик, но треба да се знае дека официјалниот јазик во оваа држава е македонскиот, рече Мицкоски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Од денеска побезбедни онлајн купувања со платежни картички

Од денеска стапува во сила законската обврска за засилена автентикација при онлајн-плаќања со платежни картички. Наместо досегашната потврда со СМС-код,…

March 1, 2026
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски до Нова година очекува потпишување договор за гасниот интерконектор со Грција

Премиерот смета дека до крајот на годината ќе биде завршена и првата секција од пругата Куманово – Бељаковце од Корисоеорт…

November 6, 2024
ЕКОНОМИЈА

Шпанија со најголеми приходи од туризмот

Европа пречекала 125 милиони странски туристи во првите три месеци од 2025 година, според Светскиот туристички барометар на Обединетите нации.…

August 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

Џејми Караматиќ е новиот генерален директор на Рудник САСА

Од 19 септември, Џејми Караматиќ официјално ја презеде функцијата генерален директор на рудникот за олово и цинк САСА од Македонска…

September 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?