Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Славески: Од СЕПА кон инстант иднина – побрзи, поевтини и посигурни плаќања за сите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Славески: Од СЕПА кон инстант иднина – побрзи, поевтини и посигурни плаќања за сите
ЕКОНОМИЈА

Славески: Од СЕПА кон инстант иднина – побрзи, поевтини и посигурни плаќања за сите

Објавено November 28, 2025 12:35
Сподели
Сподели

Приклучувањето на земјава кон Единствената област за плаќање во евра – СЕПА претставува историски чекор кон модерна, безбедна и европски интегрирана платежна инфраструктура. Оваа трансформација веќе носи конкретни придобивки за граѓаните и за компаниите, а тоа се побрзи, поедноставни и значително поевтини трансакции во евра. Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во колумна за Билтенот на Македонската банкарска асоцијација истакнува дека СЕПА претставува „суштинска трансформација, а не само техничка промена“, којашто директно ги подобрува квалитетот и достапноста на платежните услуги.

Од 7 октомври, девет банки во земјава веќе извршуваат кредитни трансфери преку СЕПА, а до крајот на годината се очекува целосно приклучување на десет банки. Благодарение на членството во СЕПА, надоместоците за плаќања се намалија повеќекратно. Така, за трансакција од 500 евра граѓаните сега плаќаат околу 4 евра, наместо околу 25, а деловните субјекти за трансакција од 20.000 евра што чинеше околу 80 евра, сега плаќаат помалку од 10 евра. Овие промени претставуваат годишни заштеди од околу 20 милиони евра на ниво на економија, а времето за извршување на плаќањата се скрати од неколку дена на најчесто помалку од два часа.

По приклучувањето кон СЕПА, следната стратегиска цел е воспоставувањето инстант плаќања, односно трансакции што се извршуваат за неколку секунди, 24 часа дневно. Народната банка, заедно со централните банки од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора, работи на заеднички регионален систем за инстант плаќања заснован на европската платформа ТИПС на Банката на Италија. Целта е создавање интероперабилен платежен простор меѓу земјите од Западен Балкан и Европската Унија, што ќе овозможи едноставни и брзи плаќања во денари во земјава, подобар обрт на средствата за фирмите, пониски трошоци за прекуграничните трансакции и инстант пристигнување на дознаките во евра.

Во периодот што следува, модернизацијата на платниот систем ќе биде насочена кон целосно искористување на новата инфраструктура, дигитализација на плаќањата, намалување на употребата на готовина и дополнително усогласување на регулативата со европските стандарди. Со ова се обезбедува поголема транспарентност, иновативни услуги, фер конкуренција и повисока заштита на корисниците. „Модернизацијата на плаќањата е инвестиција во конкурентноста на економијата. Но, зад секоја технологија мора да стои довербата, како во системот и во институциите, така и во стабилноста на валутата“, нагласува гувернерот Славески.

Реформите во платниот систем се вложување во подобар стандард на граѓаните, поефикасно работење на компаниите и посилна, европски интегрирана економија. СЕПА и инстант плаќањата ја отвораат вратата кон иднина во која секој трансфер е брз, сигурен и достапен, иднина што ја градиме за новите генерации и модерен европски платежен простор.

 

 

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Асахи открива голема кибер-напад: Над 1,5 милиони клиентски податоци przecurele
Следна Статија Браќата Дафер ги objаснуваат шокантните настани од ‘Stranger Things 5’ – големи откритија за Вил, Макс и Единаесет

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски: Со брзата пруга од Гевгелија до Солун со воз ќе се патува околу 30 минути, а до Скопје за околу еден час и десет минути

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, кој е и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, учествуваше на трибината која се одржува во…

July 18, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Новите авиолинии се чекор кон промоција на државата и привлекување туристи

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за најавените шест нови авионски линии, изјави дека треба да сме среќни што…

October 26, 2024
ЕКОНОМИЈА

Алибаба предводи пад на технолошкиот сектор по кратко објавување на црната листа на Пентагон

Групацијата Алибаба предводи распродажба на акции на кинески технолошки компании по привремено додавање на некои од најголемите имиња на списокот…

February 17, 2026
ЕКОНОМИЈА

Кафеаните ќе треба да направат посебни влезови до простории за непушачи

Новиот закон за заштита од пушење на 24 март треба да се најде на владина седница, по што ќе биде…

March 19, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?