Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Гувернерот Славески: Процесот на дезинфлацијата ќе продолжи, а инфлацијата ќе се врати на историските 2%
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Гувернерот Славески: Процесот на дезинфлацијата ќе продолжи, а инфлацијата ќе се врати на историските 2%
ЕКОНОМИЈА

Гувернерот Славески: Процесот на дезинфлацијата ќе продолжи, а инфлацијата ќе се врати на историските 2%

Објавено September 1, 2025 13:19
Сподели
Сподели

Народната банка очекува дека процесот на дезинфлација ќе продолжи во наредната една до две години, при што инфлацијата ќе се приближи до историските нивоа од околу 2%.

Сè уште имаме повисоки инфлациски очекувања во државава, коишто ја поттикнуваат инфлацијата. Граѓаните и производителите очекуваат раст на цените, што само ја одржува ценовната динамика. Сепак, со постојано преземање монетарни мерки и со одговорна фискална политика ќе се обезбеди стабилност и пониска инфлација“, појаснува гувернерот Трајко Славески во интервју за „Радио Слободна Европа“.

Народната банка ја задржа истата референтна каматна стапка од почетокот на годината и презеде мерки за задолжителната резерва, заради стимулирање на штедењето и за одржување на финансиската стабилност. Гувернерот истакна дека само со внимателно комбинирање на монетарни и фискални политики, фокусирани на долгорочни капитални инвестиции, може да дојде до трајно пониски нивоа на инфлација.

Славески нагласува дека на Владата не ѝ одговара висока инфлација, напротив – стабилната и ниска инфлација е во интерес на сите, како на граѓаните, така и на приватниот сектор и на државните политики.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Хаос во Нови Сад: Деканот на факултетот со маскирани луѓе ги скрши прозорците за да влезе во зградата (ВИДЕО)
Следна Статија Македонија на 51 место според индексот за мир

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

ЕЛС бара нови партнери за франшизи во градовите низ Македонија

Еко Логистик Сервис (ЕЛС), водечкиот логистички и поштенски бренд во Македонија, отвора можност за соработка со локални претприемачи преку франшизен…

December 18, 2024
ЕКОНОМИЈА

Влада: Промените се очигледни, растот на БДП од 3,4% ја стави Македонија во иста група со богатите држави Ирска, Данска и Полска

Промените во Македонија се случуваат и тоа станува сè повидливо и појасно, македонската економија доживува ренесанса. Македонија е меѓу петте…

June 4, 2025
ЕКОНОМИЈА

По најавите за бојкот, дел од маркетите во Македонија почнаа со акции

По најавите за бојкот на големите маркети во Македонија на 31 Јануари, дел од нив веќе почнаа со акции за…

January 28, 2025

Рекорден откуп на риба тон за 3,2 милиони долари на аукција во Токио

Риба тон тешка 535 фунти беше продадена за рекорден износ од 510 милиони јени на годишната аукција во Токио

January 6, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?