Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Дали Зоран Заев во Дубаи гради високи згради над 50 ката? прашува ВМРО-ДПМНЕ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Дали Зоран Заев во Дубаи гради високи згради над 50 ката? прашува ВМРО-ДПМНЕ
ПОЛИТИКА

Дали Зоран Заев во Дубаи гради високи згради над 50 ката? прашува ВМРО-ДПМНЕ

Објавено April 21, 2025 11:44
Сподели
Сподели

„СДС, Венко Филипче и Зоран Заев мудро молчат и немаат аргументи да реагираат, ниту пак ги демантираат нашите дилеми. Помина веќе недела дена како го покренавме прашањето за златната виза за Дубаи на Венко Филипче, по примерот на неговиот надреден и духовен водач, Зоран Заев“ соопштија од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Велат „нашите дилеми и прашања, по однос на златната виза, јавно ги покренавме и прашуваме дали е точно дека Филипче ја поседува и ако да, на кој начин ја стекнал? Но, одговор нема ниту од партијата СДС, на кое претседателско столче Филипче го постави токму Зоран Заев, за да му го чува грбот додека тој ги шири бизнисите“.

„Овде ни се јави уште една дилема, на која СДС и Филипче треба да одговорат, дали нивниот молк е потврда на сите овие поставени прашања? Одговор очекуваме и на дилемата дали Зоран Заев во Дубаи гради високи згради над 50 ката и од каде му се парите? Имајќи предвид дека Венко Филипче е верна сенка на Заев која секаде го придружува, се поставува прашањето дали Филипче исто така е поврзан со оваа афера? Затоа јавно и јасно прашуваме, дали Венко Филипче и Зоран Заев имаат златни визи за Дубаи? На кој начин ги стекнале и од каде им се парите? Дали тоа се парите спечалени на грбот и здравјето на граѓаните, местејќи тендери во корона кризата, додека народот барал лек?“ прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат „Едно е сигурно, овие двајца со години наназад ја уништуваа и ограбуваа државата, а сега, најверојатно, тие пари ги вложуваат во приватни бизниси. Со години глумеа и ја убедуваа јавноста дека ја спасуваат Македонија, а тие, всушност, се спасувале самите себеси и нивните милиони украдени од народот“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Хорор во Бирмингем: Луѓе повраќаат, стаорци се шетаат по градот (ВИДЕО)
Следна Статија Кога Папата Франциск ја посети Македонија (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Повторно лоша вест за опозицијата, нема ни оваа година да банкротираме, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски очекува солиден раст на БДП, реализација на капиталните инвестиции и начинот на кој, и покрај предизвиците и…

July 20, 2026
ПОЛИТИКА

Ахмети: Се согласуваме со една изборна единица, со праг од 5% и отворени листи, а за укинување на техничката влада треба да се консултираат ЕУ и САД

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети по лидерската средба истакна дека тие се една изборна единица со…

January 14, 2026
ПОЛИТИКА

СДСМ поднесе Закон за 600 евра минимална плата, од ВМРО-ДПМНЕ им вратија дека ако не краделе кога биле на власт платата веќе ќе била толку

СДСМ денес се одважи и напиша на хартија Предлог закон за минимална плата од 600 евра, за волја на вистината…

January 30, 2026
ПОЛИТИКА

Мицкоски ја фрли ракавицата: Ако сакате избори и сте силни, ајде на избори!

Треба да се сте сигурен дека овие седум години позади нас, ниту јас, ниту било кој од нас ќе ги…

October 31, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?