Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Дали најблискиот соработник на Франциск ќе стане нов папа?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Дали најблискиот соработник на Франциск ќе стане нов папа?
СВЕТ

Дали најблискиот соработник на Франциск ќе стане нов папа?

Објавено May 7, 2025 10:51
Сподели
Сподели

Италијанецот Пјетро Паролин и Филипинецот Луис Антонио Тагле, се  најсериозните кандидати за следен поглавар на Римокатоличката црква пред почетокот на конклавата во среда, според аналитичарите и обложувалниците. Пјетро Паролин е добро познат во Рим, дипломат кој соработуваше со папата Франциск 12 години и во странство и е сериозен кандидат да биде следниот папа.

Седумдесетгодишниот Италијанец служеше како државен секретар, втора највисока позиција во Ватикан, речиси за време на целиот понтификат на Франциск и беше негов највидлив претставник.

Паролин е смирен и вешт дипломат со суптилно чувство за хумор и полиглот со искуство во Азија, Блискиот Исток и Латинска Америка.Филипински кардинал,

„Франциск од Азија“

Фаворитот за нов папа од Азија, филипинскиот кардинал Луис Антонио Тагле, е харизматичен умерен човек кој често се нарекува „Франциск од Азија“.

67-годишниот Тагл, кој со Франциск споделува историја на застапување на сиромашните, мигрантите и другите маргинализирани групи, е познат по својот мисионерски дух и пастирски фокус.

Со очила и заразна насмевка, кардиналот со прекар „Чито“ е популарна личност меѓу верниците во земја со повеќе од 90 милиони католици.

Роден во работничко семејство во близина на Манила, Тагл бил ракоположен за свештеник во 1982 година, а во 2011 година станал надбискуп на главниот град, политички влијателна позиција во една од најголемите епархии во Азија, каде што католицизмот е во пораст.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Mилановиќ со порака: Немојте да бидете жртва на некаква принуда, изнудување за членство во ЕУ
Следна Статија СДСМ: Кумот на Максим Димитриевски со поддршка на ДУИ си спечали 350.000 евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пукање на две членови на Националната гарда во Вашингтон: Што треба да знаете

Полицијата соопшти дека осомничениот е во притвор и истрагата е во тек.

November 28, 2025

Трамп прети со 200% царина на француски вина додека Макрон наводно го одбива местото во ‘Советот за мир’

Трамп повторно истакна планови за контрола на Гренланд, велејќи дека европските лидери нема премногу да се спротивстават.

January 21, 2026
СВЕТ

Откажани 1.339 летови низ САД поради невремето кое донесе обилен снег

Откажани се вкупно 1.339 летови, а одложени се 606 летови ширум САД откако невремето зафати голем дел од земјата со…

January 6, 2025
СВЕТ

Како Израел го пронајде и уби лидерот на Хамас

Израелската војска повеќе од една година трага по лидерот на Хамас, кој исчезна во Газа набргу откако го организираше масакрот…

October 18, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?