Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Дали најблискиот соработник на Франциск ќе стане нов папа?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Дали најблискиот соработник на Франциск ќе стане нов папа?
СВЕТ

Дали најблискиот соработник на Франциск ќе стане нов папа?

Објавено May 7, 2025 10:51
Сподели
Сподели

Италијанецот Пјетро Паролин и Филипинецот Луис Антонио Тагле, се  најсериозните кандидати за следен поглавар на Римокатоличката црква пред почетокот на конклавата во среда, според аналитичарите и обложувалниците. Пјетро Паролин е добро познат во Рим, дипломат кој соработуваше со папата Франциск 12 години и во странство и е сериозен кандидат да биде следниот папа.

Седумдесетгодишниот Италијанец служеше како државен секретар, втора највисока позиција во Ватикан, речиси за време на целиот понтификат на Франциск и беше негов највидлив претставник.

Паролин е смирен и вешт дипломат со суптилно чувство за хумор и полиглот со искуство во Азија, Блискиот Исток и Латинска Америка.Филипински кардинал,

„Франциск од Азија“

Фаворитот за нов папа од Азија, филипинскиот кардинал Луис Антонио Тагле, е харизматичен умерен човек кој често се нарекува „Франциск од Азија“.

67-годишниот Тагл, кој со Франциск споделува историја на застапување на сиромашните, мигрантите и другите маргинализирани групи, е познат по својот мисионерски дух и пастирски фокус.

Со очила и заразна насмевка, кардиналот со прекар „Чито“ е популарна личност меѓу верниците во земја со повеќе од 90 милиони католици.

Роден во работничко семејство во близина на Манила, Тагл бил ракоположен за свештеник во 1982 година, а во 2011 година станал надбискуп на главниот град, политички влијателна позиција во една од најголемите епархии во Азија, каде што католицизмот е во пораст.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Mилановиќ со порака: Немојте да бидете жртва на некаква принуда, изнудување за членство во ЕУ
Следна Статија СДСМ: Кумот на Максим Димитриевски со поддршка на ДУИ си спечали 350.000 евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Kокаин вреден 41 милион евра запленет од Француската морнарица

Француската морнарица заплени 1,4 тони кокаин на Атлантикот, а проценетата улична вредност на таа количина дрога е 41 милион евра,…

February 9, 2026
СВЕТ

Американските научници Виктор Амброс и Гери Рувкин ја добија Нобеловата награда за медицина

Американските научници Виктор Амброс и Гери Рувкун ја добија годинашната Нобелова награда за медицина за откритието на микроРНК, нова класа…

October 7, 2024
СВЕТ

Непал не мирува: Запалена куќата на министерот за енергетика, се фрла кеш низ прозорците, претепана министерка (ВИДЕО)

Ситуацијата во Непал не се смирува. Откако демонстрантите ја запалија зградата на парламентот порано денеска, а премиерот поднесе оставка и…

September 10, 2025
СВЕТ

(Видео) Трамп: ЕУ игра повалкано од Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера повторно ја нападна Европската Унија, велејќи дека е полоша од Кина во многу аспекти, само…

May 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?