Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Даниловски: Не ни треба интернет фантазија за епидемија од хантавирусот, ни треба дератизација!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Даниловски: Не ни треба интернет фантазија за епидемија од хантавирусот, ни треба дератизација!
ЗДРАВЈЕ

Даниловски: Не ни треба интернет фантазија за епидемија од хантавирусот, ни треба дератизација!

Објавено May 10, 2026 11:17
Сподели
Сподели

Хантавирусот деновиве стана новата суровина за глобалната индустрија на страв. Доволен беше еден изолиран настан на крузер во Јужниот Атлантик за интернет-просторот повторно да експлодира со апокалиптични сценарија, „предвидувања“, мистериозни објави од минатото, сомнежи за глобални агенди и рециклирани теории за контрола на човештвото, пишува епидемиологод д-р Драган Даниловски во својата објава на Фејсбук.

Според него, речиси по автоматизам, повторно почнаа да циркулираат истите зборови: пандемија, контрола, депопулација, mRNA, „1984“…

„Како да постои готов шаблон што се активира секогаш кога во медиумите ќе се појави името на некој вирус.Во меѓувреме, јавноста постепено престанува да прави разлика меѓу епидемиологија и алгоритамски произведен страв.Особено загрижува фактот што во таквата атмосфера понекогаш активно учествуваат и здравствени професионалци чијшто јавно изговорен збор носи огромна тежина, зашто, покрај името им стои титула доктор“, смета Даниловски.

Тој вели дека хантавирусите не се нов феномен што вчера се појавил во лабораторија.

„Тие се одамна познати во медицината. Претставуваат група вируси поврзани со глодари, кои се нивен природен резервоар. Луѓето најчесто се инфицираат преку контакт со аеросоли контаминирани со измет, урина или плунка од заразени глодари.Дел од нив се присутни на европскиот континент, Азија и Африка (подгрупа на Хантавируси на Стариот свет – Old World Hantaviruses). Ендемско подрачје е Балканот. Друг дел од нив (подгрупа на Хантавируси на Новиот свет) „владее“ со обете Америки. Ендемско подрачје се Аргентина и Чиле.Иако двете подгрупи се сродни, тие се разликуваат по тоа што предизвикуваат различни видови болести кај хуманите домаќини.Вирусите во подгрупата на Новиот свет предизвикуваат болест позната како „хантавирусен пулмонален синдром“ со десетици заболени секоја година и смртност од 20-40%.Вирусите во подгрупата на Стариот свет предизвикуваат болест позната како „хеморагична треска со бубрежен синдром“, со стотици заболени секоја година и со смртност од 1-15%.

Балканот има сопствено искуство со хеморагичната треска со бубрежен синдром.
Во подгрупата на Новиот свет постои типот Andes вирус, (причинител на епидемијата на крузерот „Хондиус“). Само кај овој тип е опишан и пренос од човек на човек! Многу важно! Тој вирус не циркулира кај нас. Ниту постои ризик да скокне од некој од заразените на крузерот.
Поради тоа, во моментот не постојат индикации за сценарио што би наликувало на ковид-пандемијата“, порачува Даниловски.

Сепак, тој повикува на внимателност.

„Темата за хантавирусите отвора едно многу приземно и локално прашање: каква е состојбата со урбаната хигиена, дератизацијата и контролата на глодарите во македонските градови?

Во изминатиот период, Скопје и други средини се соочуваа со сериозни проблеми со отпадот. Контејнери преполни со денови. Купишта смет покрај улици. Расфрлан органски отпад. Диви депонии.Мијазма на 21 век! Таквите услови неизбежно создаваат средина погодна за експанзија на популацијата на стаорци и глувци. Кои претставуваат потенцијален резервоар за повеќе инфективни заболувања, вклучително и хантавирусните инфекции.

Токму затоа, прагот на летото е момент кога институциите треба сериозно да пристапат кон:
– дератизација;
– дезинфекција;
– санитарен надзор;
– урбана хигиена;
– контрола на дивите депонии.

Поради елементарна епидемиолошка логика.Крајно време е да научиме да правиме разлика меѓу реален јавно-здравствен ризик и интернет-фантазија што живее од колективниот страв.На јавноста денес ѝ се потребни точни информации, трезвеност и превенција.
Не ни треба нова паника“, пишува епидемиологот д-р Драган Даниловски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ВРЕДИ се обедини во еден политички субјект
Следна Статија Кошта ни порача дека е време за чекор напред

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Владата купува 100 нови амбулантни возила вредни 7,5 милиони евра

Македонското здравство ќе добие значајно засилување со набавка на 100 нови амбулантни возила, одлука донесена на вчерашната владина седница. Инвестицијата…

December 24, 2025
ЗДРАВЈЕ

Кај 29 годишен пациент извршена е трансплантација на коскен дефект од 6 сантиметри: „Дарувањето на органи е највисока форма на човекољубие и хуманост“

Кај 29 годишен пациент извршена е трансплантација на коскен дефект од 6 сантиметри на левата бутна коска поради претходна инфекција…

February 19, 2025
ЗДРАВЈЕ

ВИДЕО: Научници направија прва снимка од имплантација на човечки ембрион во матка

Тим научници за првпат сними човечки ембрион како се имплантира во матката во реално време и во 3D. Снимката е…

August 17, 2025
ЗДРАВЈЕ

Алиу: За секој денар од акциза од тутун економијата троши приближно четири денари за справување со здравствените последици од пушењето

Министерот за здравство Азир Алиу, денеска, на состанокот на Економско-социјалниот совет во Владата, ги презентира новините во предлог-законот за заштита…

April 23, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?