Дарко Панчев е избран во идеалниот тим на Црвена звезда на сите времиња

- Advertisement -

Македонската фудбалска легенда, Дарко Панчев е избран во идеалниот тим на Црвена звезда на сите времиња во избор кој го организираше „Моцартспорт“ а гласаа 90 фудбалски легенди и актуелни новинари од регионот.

Панчев во изборот освои 49 гласови од секој од 90-те учесници во гласањето или 54.4%.

Покрај Панчев во тимот се уште: Владимир Беара, Бранко Станковиќ, Миодраг Белодедиќ, Синиша Михајловиќ, Рајко Митиќ, Драган Стојковиќ, Драгослав Шекуларац, Дејан Савичевиќ и Драган Џајиќ.

Сподели ја оваа статија