Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Затвореници од Идризово барале 1.200 евра месечно од мајка на осуденик за да не и’ го малтретираат синот, и’ испраќале и насилни видеа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Затвореници од Идризово барале 1.200 евра месечно од мајка на осуденик за да не и’ го малтретираат синот, и’ испраќале и насилни видеа
ХРОНИКА

Затвореници од Идризово барале 1.200 евра месечно од мајка на осуденик за да не и’ го малтретираат синот, и’ испраќале и насилни видеа

Објавено May 25, 2025 13:01
Сподели
Сподели

На 24.05.2025 СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против А.Б.(31) и А.Р.(25), двајцата од Скопје, поради постоење на сомнение дека сториле кривични дела „изнуда” по член 258 став 1 и „лихварство“, по член 260 став 1 и против Е.Б.(27) и Р.Р.(20), двајцата од Скопје, поради сомнение за сторени кривични дела „изнуда“ по член 258 став 1 во врска со член 22 и „лихварство“, по член 260 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

А.Б и А.Р. кои издржувале затворска казна во Затвор Идризово, со користење на незаконски стекнати мобилни телефони, преку апликацијата „фејсбук месинџер“ од мајка на друго лице кое издржувало затворска казна барале да им исплаќа сума од 1200 евра месечно за нејзиниот син да добие наводни „гаранции и заштита“ во затворот и подобри услови за сместување, а при видео повиците и покажувале како насилно се однесувале кон нејзиниот син, притоа уценувајќи ја дека доколку не им бидат исплатени пари ќе продолжат со насилството кон синот.

На 23.05.2025 Е.Б., кој е брат на А.Б., и Р.Р., кој е брат на А.Р., по претходен договор со мајката на осуденото лице дошле во Струмица со цел да остварат средба со неа, на која требало таа да им даде претходно договорен износ на пари, кои биле дел од парите што ги барале како наводен долг кој таа го имала кон нив.

По остварената средба, односно во момент кога Е.Б. ги зел парите, кои биле претходно обележани, бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од СВР Струмица, а Р.Р. се дал во бегство, но веднаш бил фатен и лишен од слобода.

При лишувањето од слобода, кај Е.Б. биле пронајдени пари во различни валути и апоени, за кои тој не приложи документација за потекло на наведените парични средства, по што истите од страна на полициски службеници биле одземени.

Во исто време, од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за организиран и насилен криминал и Одделение за насилен криминал при СВР Скопје биле извршени претреси во затворските ќелии во Затвор Идризово, во кои престојувале А.Б. и А.Р, при што кај нив биле пронајдени и одземени два незаконски стекнати мобилни телефони. Е.Б. и Р.Р. биле задржани во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

По поднесување на кривичната пријава, лицата биле изведени пред судија од Основен суд Струмица, кој на Е.Б. и Р.Р. им определил мерка куќен притвор.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Разбиена криминална група за илегална миграција во Грција, правеле лажни пасоши и ги продавале за 600 евра
Следна Статија Украина: Најмалку 12 загинати во руските напади со дрон, САД да извршат притисок

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Mеѓународна потерница по Груби и Бајрами

По донесените решенија на Основниот кривичен суд Скопје со кое е определен притвор за двајца осомничени во истрагата за проневера…

December 17, 2024
ХРОНИКА

МВР: Уапсени 11 лица, поднесени кривични пријави против Капушевски, Јахоски и Сулкоски

МВР поднесе кривични пријави за злоупотреба на службена положба и перење пари и други приноси од казниво дело против 12…

March 11, 2025
ХРОНИКА

Зелениково: Возот вратен на шини, железничкиот сообраќајот нормализиран

Пругата е пуштена за сообраќај откако товарниот воз вчера, во 21:37 часот, беше излезен од шините, по што во прекин…

November 18, 2024
ХРОНИКА

Телата на загинатите во несреќата кај Рашче дадени на обдукција

Десетици спасувачи и истражители на левиот брег на Вардар го набљудуваа возилото ауди во кое се одигра трагедијата со 4…

January 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?