Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Два лека против згрутчување на крвта од крајот на ноември ќе може да се земаат на рецепт во аптека и нема потреба од рефундација
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Два лека против згрутчување на крвта од крајот на ноември ќе може да се земаат на рецепт во аптека и нема потреба од рефундација
ЗДРАВЈЕ

Два лека против згрутчување на крвта од крајот на ноември ќе може да се земаат на рецепт во аптека и нема потреба од рефундација

Објавено October 31, 2025 13:19
Сподели
Сподели

Два лека против згрутчување на крвта од крајот на ноември ќе може да се земаат на рецепт во аптека. Ова денеска го истакна генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.

Тој по брифингот со новинарите изјави дека станува збор за двата антикоагуланси Еноксапарин и Надропарин, кои досега беа на болничката позитивната листа и за домашно лекување граѓаните мораа да користат рефундации. Партиципацијата за овие лекови кои ќе се подигнуваат на рецепт од аптека дополнително ќе биде утврдена.

Граѓаните веќе не мора да се малтретираат по шалтерите на Фондот за да ги рефундираат средствата за овие лекови, ќе има полесен пристап до лековите, а ние ќе имаме помал притисок за работа и ќе можеме да се концентираме на други прашања. Значи добивката е двојна, рече Клековски.

Посочи дека ова е уште еден чекор на префрлување лекови од болничката на аптекарската листа по претходниот, а ќе следуваат и нови чекори.

Веќе неколку пати најавив дека фокусот во оваа фаза се антикоагуланси бидејќи третираат широк спектар на граѓани или пациенти кои имаат потреба. Натамошниот раст на позитивната листа се поврзува со три фактори и тоа првиот – појасни податоци за нивото на користење на лекот во Македонија, значи достапност на пазарот за да може да ги пресметаме финансиските ефекти од нашите одлуки. Вториот фактор е ставање во целосна функција на е-рецепт за акутни потреби со што ќе ни се овозможи подобра контрола на употребата на лекови и од финансиски аспект и заштита од претерана употреба на лекови. Третиот фактор е да постигнеме согласност за договорени цени за позитивната листа, потенцира Клековски.

Главниот предизвик во вклучувањето на лековите на позитивната листа, појасни тој, не е партиципацијата која не изнесува повеќе од 10 проценти, туку можната доплата која може да биде повеќекратко повисока што се должи на разликата меѓу референтната цена на Фондот, што ја плаќа Фондот и големопродажната цена со која лекот е регистриран за продажба во Македонија.

Значи напорот ни е за лековите кои ќе бидат на позитивната листа да нема доплата или таа е регулирана однапред за да ги заштитиме пациентите од големи доплати. Ефектите на префрлувањето на позитивната листа се контролирани, бидејќи добар дел досега се издаваа во болниците и се рефундираа средствата и вакви чекори ќе правиме во иднина со цел повеќе лекови кои се на болничка листа да бидат достапни во аптеките, додаде Клековски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сиљановска-Давкова: Лани само седум отсто од преговарачите во мировните процеси биле жени
Следна Статија Мицкоски: Во недела сите масовно да излеземе на гласање, зошто додека седите дома, други одлучуваат за вашата иднина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Милиони луѓе во ризик поради SMS врски за најавување

Дури и познати услуги со милиони корисници се изложени на безбедносни закани.

January 23, 2026
ЗДРАВЈЕ

Вонредна е состојбата во болницата во Кочани, физикална терапија се обезбедува за 40 лица, а на преврски доаѓаат над 70 повредени

Вонредна е состојбата во Општата болница со проширена дејност во Кочани по враќањето на поголемиот број повредени од болниците во…

May 16, 2025
ЗДРАВЈЕ

Нема лекарски пропуст за смртта на близначињата во Прилепската болница, констатирале ДСЗИ и стручната комисија на Министерството за здравство

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека нема лекарски пропуст за смртта на близначињата во Прилепската болница во јануари…

February 20, 2025

Повлекување на производи од мелено говедско месо поради можна контаминација со E. Coli

Компанија за храна презема мерки за заштита на јавното здравје

December 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?