Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Два случаи на антракс и еден на маларија потврдени во Романија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Два случаи на антракс и еден на маларија потврдени во Романија
СВЕТ

Два случаи на антракс и еден на маларија потврдени во Романија

Објавено July 11, 2025 15:03
Сподели
Сподели

Два случаи на антракс и еден на маларија се потврдени во Романија. Националниот институт за воено-медицински истражувања и развој „Кантакузино“ синоќа ја потврди дијагнозата на антракс кај две лица примени во Националниот институт за заразни болести „Д-р Матеи Балс“ во Букурешт.

Министерството за здравство информираше дека двајцата пациенти се во стабилна состојба и под медицински надзор.

Едниот пациент има лесна форма на болеста, а неговиот син – со умерена, но без ризик од компликации. Пациентите добиваат третман и соодветна медицинска нега.

Министерството за здравство додаде дека пациентите преработувале и консумирале овчо месо од сопствената фарма. Според лекарите, постои минимален ризик од пренесување на болеста на луѓето.

Министерството за здравство во Букурешт синоќа потврди и случај на маларија во Букурешт.

Дијагнозата е потврдена кај 69-годишен маж од Букурешт, кој се лекува во Клиничката болница за заразни и тропски болести „Д-р Виктор Бабеш“.

Пациентот е во стабилна состојба и е подложен на специфичен третман.

Според достапните информации, тој не патувал скоро во странство. Дирекцијата за јавно здравје во Букурешт спроведува епидемиолошка анкета за случајот.

Од почетокот на годината, во Романија се потврдени 21 случај на маларија кај луѓе кои патувале во земји каде што болеста е распространета.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ФОКУС: Функционер на ДУИ е осомничен за подметнување пожари
Следна Статија Божиновска: Новата ТС Охрид го поврзува Балканот и европскиот пазар на електрична енергија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трамп: Имам неколку кандидати за нов ирански лидер

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека сака целосна промена на иранската владејачка структура и дека веќе има неколку имиња…

March 6, 2026
СВЕТ

Трамп ја одби поканата на Фокс њуз да дебатира со Камала кон крајот на октомври

Поранешниот републикански претседател на САД, Доналд Трамп, вчера изјави дека нема да учествува на дебата со демократската потпретседател Камала Харис,…

October 10, 2024
СВЕТ

Претседателот на Аргентина нападнат со камења на предизборен митинг (ВИДЕО)

Аргентинскиот претседател Хавиер Милеи остана неповреден откако врз него биле фрлени камења за време на предизборен митинг во близина на…

August 28, 2025
СВЕТ

Иранска агенција: Нападната е американската база во Сирија

Американска воена база во Сирија била цел на минофрлачки напад, јавува иранската агенција Мехр, повикувајќи се на повеќе извори. Агенцијата…

June 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?