Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Два случаи на антракс и еден на маларија потврдени во Романија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Два случаи на антракс и еден на маларија потврдени во Романија
СВЕТ

Два случаи на антракс и еден на маларија потврдени во Романија

Објавено July 11, 2025 15:03
Сподели
Сподели

Два случаи на антракс и еден на маларија се потврдени во Романија. Националниот институт за воено-медицински истражувања и развој „Кантакузино“ синоќа ја потврди дијагнозата на антракс кај две лица примени во Националниот институт за заразни болести „Д-р Матеи Балс“ во Букурешт.

Министерството за здравство информираше дека двајцата пациенти се во стабилна состојба и под медицински надзор.

Едниот пациент има лесна форма на болеста, а неговиот син – со умерена, но без ризик од компликации. Пациентите добиваат третман и соодветна медицинска нега.

Министерството за здравство додаде дека пациентите преработувале и консумирале овчо месо од сопствената фарма. Според лекарите, постои минимален ризик од пренесување на болеста на луѓето.

Министерството за здравство во Букурешт синоќа потврди и случај на маларија во Букурешт.

Дијагнозата е потврдена кај 69-годишен маж од Букурешт, кој се лекува во Клиничката болница за заразни и тропски болести „Д-р Виктор Бабеш“.

Пациентот е во стабилна состојба и е подложен на специфичен третман.

Според достапните информации, тој не патувал скоро во странство. Дирекцијата за јавно здравје во Букурешт спроведува епидемиолошка анкета за случајот.

Од почетокот на годината, во Романија се потврдени 21 случај на маларија кај луѓе кои патувале во земји каде што болеста е распространета.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ФОКУС: Функционер на ДУИ е осомничен за подметнување пожари
Следна Статија Божиновска: Новата ТС Охрид го поврзува Балканот и европскиот пазар на електрична енергија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Хамас ги предаде првите три израелски заложнички на Црвениот крст

Саудискиот портал Ал Арабија објави дека Хамас му предал на Црвениот крст три жени, израелски заложници. Црвениот крст им ги…

January 19, 2025
СВЕТ

Семејства на имигранти протестираат во објект во Тексас каде што е сместен петгодишен дечко, неговиот татко е притворен во Минесота

Лиам Конехо Рамос и неговиот татко беа притворени во Минесота во инцидент кој уште повеќе ги разгорува тензиите околу строгата…

January 26, 2026
СВЕТ

Судот пресуди дека Трамп е виновен за плаќањата кон порно актерката Сторми Даниелс, но не му следи казна

Њујоршкиот суд донесе пресуда во случајот на премолчена исплата на поранешниот и идниот американски претседател Доналд Трамп на порно актерката…

January 10, 2025
СВЕТ

Бомбашки напад во Истанбул, има повредени

Седум повредени лица, од кои три тешко е исходот од експлозиите кои во еден центар за забава во турскиот град…

May 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?