Грчките земјоделци и денеска ќе го блокираат граничниот премин Евзони со две четиричасовни блокади, поради што сообраќајот кон и од Грција ќе биде целосно во прекин од 11 до 15 и од 17 до 21 часот по македонско време. Блокадите траат речиси еден месец и се дел од протестите поради високите трошоци за производство и неисплатените земјоделски субвенции.
Се очекува блокадите да бидат тргнати од утре до петок поради новогодишните празници, а земјоделците в сабота на заеднички состанок да одлучат за понатамошните чекори.