Две бронзи за Македонија на Менделеевата олимпијада по хемија во Бразил

- Advertisement -

Македонија освои два бронзени медала на 59. Меѓународна хемиска олимпијада „Менделеев“ што се одржа од 5 до 13 мај во Бело Хоризонте, Бразил.

Најголемиот македонски успех на ова престижно натпреварување за ученици, во конкуренција на околу 40 држави, го донесоа Петар Мирчевски од СОУ „Мирче Ацев“ од Прилеп и Марио Ванчоски од СОУ „Славчо Стојменски“ од Штип.

Мирчевски Ванчоски во последните три години имаат освоено вкупно еден сребрен и пет бронзени медали на меѓународната сцена, а следен предизвик ќе им биде Светската хемиска олимпијада IChO 2025 што ќе се одржи во Дубаи.

Сподели ја оваа статија