Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Две години затвор за Сулејман Љамалари за нападот врз градоначалничката Данела Арсовска
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Две години затвор за Сулејман Љамалари за нападот врз градоначалничката Данела Арсовска
ХРОНИКА

Две години затвор за Сулејман Љамалари за нападот врз градоначалничката Данела Арсовска

Објавено September 2, 2025 13:19
Сподели
Сподели

Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда со која напаѓачот на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска е осуден на две години затворска казна поради нападот врз неа.

„Основен кривичен суд Скопје известува дека судот на 02.09.2025 година ја донесе и јавно ја објави пресудата по предметот К.бр.1338/25, со која обвинетиот С.Љ. го огласи за виновен за сторено кривично дело – Насилство од член 386 став 3 вв со став 1 од Кривичниот законик, по што му изрече казна затвор во траење од 2 – две години, а заради тоа што на 11.07.2025 година извршил грубо насилство врз градоначалничката на Град Скопје.

Согласно член 47 од Кривичниот законик, во изречената казна затвор на обвинетиот С.Љ. му се засметува и времето поминато во куќен притвор, преиначена во мерка притвор.

Против ваквата пресудата странките имаат право на жалба во рок од 8 – осум дена по приемот на пресудата, преку овој суд до Апелациониот суд Скопје“, се истакнува во соопштението.

По однос на мерката притвор, судот одлучи дека истата да се продолжи до правосилност на пресудата, односно до започнување со издржување на казната затвор, но не подолго од 60 – шеесет дена.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски за прислушувањето: Нема да има селективна правда, ќе има одговорност и правна разрешница
Следна Статија Филипче за случајот АНБ: Наместо лов на вештерки, темелна истрага и декласификација

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

62. жртва по пожарот во Кочани, почина пациент кој се лекуваше во Белград

Министерството за здравство информира дека согласно информации од Воено Медицинската Академија во Белград, денеска претпладне, за жал, подлегна на повредите…

April 17, 2025
ХРОНИКА

По неуспешниот обид да се киднапира Вања, лопатите ги оставиле во домот на Манев

На денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски во Основниот Кривичен суд Скопје, беше прикажана снимка и…

February 21, 2025
ХРОНИКА

Обвинителство почна истрага за проневера во „Државна лотарија“, сакале да се офајдат со 500 милиони денари

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои…

December 16, 2024
ХРОНИКА

Во Охрид изгореа седум хектари со трска!

На 20.04.2025 во 17.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека во месноста „Трно“ во близина на улицата „Прилепска“ во…

April 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?