Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Две девојки во Бугарија скокнале од воз во движење оти ја пропуштиле станицата, едната е во критична состојба
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Две девојки во Бугарија скокнале од воз во движење оти ја пропуштиле станицата, едната е во критична состојба
БАЛКАН

Две девојки во Бугарија скокнале од воз во движење оти ја пропуштиле станицата, едната е во критична состојба

Објавено August 27, 2025 16:47
Сподели
Сподели

Две девојки, на возраст од 20 и 21 година, биле итно префрлени во болница во Пловдив откако скокнале од патнички воз на линијата Софија-Бургас во близина на железничката станица „Клисура“, потврди вчера прес-центарот на Одделот за внатрешни работи во Пловдив. 20-годишната девојка се здобила со тешки повреди и е во критична состојба, објавува порталот 24часа.

Инцидентот бил пријавен во службите за итни случаи во вторник околу 13:30 часот. Според првичните информации, девојките скокнале од прозорецот додека возот се движел, објавува БНТ.

Се наведува дека тие скокнале од возот во движење бидејќи ја пропуштиле станицата каде што требало да слезат.

Наводно, не успеале да ја отворат вратата од вагонот на време. Кога конечно успеале да го сторат тоа, решиле да скокнат, но возот веќе добивал брзина.

Покрената е прелиминарна истрага и е известено Окружното обвинителство.

Поради инцидентот, сообраќајот помеѓу станиците „Клисура“ и „Стрјама“ е привремено прекинат.

Според Антонија Иванова од прес-центарот на Универзитетската болница за активен третман „Свети Георги“ во Пловдив, состојбата на 20-годишното девојче е исклучително лоша, објавува 24часа.

„Во моментов не можам да дадам никакви дополнителни информации. Другото девојче, кое има 21 година, е хоспитализирано во здравствена установа во стабилна состојба“, рече таа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Божиновска: Рударите се темелот на економијата и незаменлива сила без која нема развој и енергетска стабилност
Следна Статија Билал Суџубаши по осум години на чело на Халкбанк АД Скопје заминува на нова функција

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

(Видео) Најмалку пет лица загинаа во поплава во БиХ, три лица се изчезнати

Најмалку пет лица загинаа во поплавите и свлечиштата што ја погодија населбата Јабланица на југот на Босна и Херцеговина, според…

October 4, 2024
БАЛКАН

Масовни протести во Нови Сад поради тепање студенти, носат транспаренти – „Уапсете го Вучиќ!“

Голем број студенти, средношколци и граѓани на Нови Сад попладнево се на новосадските булевари за да протестираат пред просториите на…

January 28, 2025
БАЛКАН

Вучиќ: Ќе се сретнам со Трамп, Путин и Си, кој друг може да го направи тоа?

Српскиот претседател Александар Вучиќ потврди дека ќе отпатува во Москва на 8 мај за да го одбележи Денот на победата,…

May 2, 2025
БАЛКАН

Комбе излета од автопат во Србија: едно дете загина, седум се повредени

Едно дете загина, а седум други се повредени, како и возачот на комбе, во тешка сообраќајна несреќа што се случи…

October 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?