Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Две жени намамиле маж во мотел во Скопје, па го нападнале и ограбиле со уште двајца мажи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Две жени намамиле маж во мотел во Скопје, па го нападнале и ограбиле со уште двајца мажи
ХРОНИКА

Две жени намамиле маж во мотел во Скопје, па го нападнале и ограбиле со уште двајца мажи

Објавено November 5, 2025 11:44
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поведе истрага за две жени и двајца мажи, кои, дејствувајќи во група и со употреба на сила одзеле 200 илјади денари од едно лице. Четворицата се осомничени за кривично дело – разбојништво.

Во описот за случајот што се случил на 30 октомври годинава, од Обвинителството информираат дека оштетениот со една од осомничените жени отишле во мотел во Скопје, по што таа му предложила да повика уште една девојка.

„Откако тој се согласил, осомничената ја повикала другата жена, па заедно го убедиле да одат на друго место, односно во ‘поубав и поевтин хотел’. Излегувајќи во собата, во темниот двор на мотелот, го пречекале двајца мажи, што биле во претходен договор со жените и заедно му се нафрлиле на оштетениот. Го удирале со боксови по главата и телото додека не паднал за земјата. Од џебовите му ги одзеле парите, мобилниот телефон и личната карта“,се вели во соопштението од Обвинителството.

За четворицата осомничени е предложена мерка притвор поради опасност од бегство и можност да го повторат делото.

Една од осомничените жени, откако го извршила делото, е во бегство. За неа притворот ќе започне да се применува по нејзиното пронаоѓање и лишување од слобода.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Демократскиот социјалист Зохран Мамдами е нов градоначалник на Њујорк
Следна Статија Кој е Зохран Мамдани, новиот градоначалник на Њујорк?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Косовец добил македонски пасош без да има каков било личен документ: Кривични за две вработени во Куманово

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.А.(43) од Куманово и М.И.(41) од с.Липково, општина Липково, поради постоење основи на сомнение…

May 12, 2025
ХРОНИКА

Скопјанка измамена за над 90 илјади денари

На 14.01.2026 во СВР Скопје, 54-годишна жена од скопско село пријави дека била измамена од едно лице за сума од…

January 15, 2026
ХРОНИКА

Стружанецот по кој се трагаше два дена е пронајден мртов

Во атарот на струшкото село Глобочица околу пладне е пронајдено безживотното тело на 60-годишниот жител на Струга, кој пред два…

October 23, 2024
ХРОНИКА

Млад маж пронајден починат во гостиварско

На 16.01.2025 во 16.10 часот во СВР Тетово било пријавено дека во сопствената куќа во с.Беловиште, гостиварско, бил пронајден починат…

January 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?