На 03.03.2025 во 17.30 часот во СВР Скопје, 83-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 457.320 денари.
Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски и се претставило како поранешен полициски службеник, по што ѝ кажало дека нејзината ќерка била тешко повредена во сообраќајна несреќа која претходно ја предизвикала и во која прегазила дете мигрант, а доколку не сака таа да оди во затвор треба да даде пари.
Како што е пријавено, таа ги оставила парите на договореното место, а откако се слушнала со нејзината ќерка, сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.