Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Две лица се обиделе да изнудат 5.000 евра од стоматолог, му се заканувале со видео клип
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Две лица се обиделе да изнудат 5.000 евра од стоматолог, му се заканувале со видео клип
ХРОНИКА

Две лица се обиделе да изнудат 5.000 евра од стоматолог, му се заканувале со видео клип

Објавено March 8, 2025 10:12
Сподели
Сподели

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Изнуда согласно член 258 став 1 во врска со членовите 19 (во обид) и 22 (во соизвршителство).

Осомничениот 33-годишен скопјанец, заедно со уште едно лице кое до сега не е идентификувано, со сила и сериозна закана се обиделе да принудат еден оштетен стоматолог да им исплати 5.000 евра.

Откако претходниот ден осомничениот се јавил и закажал термин како пациент во ординацијата, на 29 јануари двајцата соизвршители дошле на закажаниот термин. Осомничениот од неговиот мобилен телефон му покажал на стоматологот видео клип со наводно компромитирачка содржина и побарал од него 5.000 евра за да не го објави.

Во тој момент оштетениот започнал да го снима разговорот со неговиот мобилен телефон. Осомничениот го забележал, му го одзел телефонот и го избришал снимениот разговор. Потоа го натерал оштетениот заедно да излезат од ординацијата и се обиделе насилно да го внесат во автомобил. Оштетениот одбил, по што осомничениот му се заканил уште еднаш дека ќе треба и дополнително да плати затоа што ги снимал, па двајцата сторители заминале во непознат правец.

Се преземаат дејствија за откривање на идентитетот на вториот осомничен, додека за првиот јавниот обвинител предложи да бидат определени мерки на претпазливост – обврска да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна исправа за преминување на државна граница и забрана за нејзино издавање, како и забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со оштетениот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николовски-Агелер: Извонредни резултати на Царинската управа во сузбивање на криминалот и прибирање повисоки приходи во Буџетот
Следна Статија Скопје маршира за женски права: „Нека јадат ружи!“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

78-годишен велосипедист синоќа загина во сообраќајка во Скопје – Возачот е приведен

Денеска (05.03.2025) во 00.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Киро Глигоров“ во Скопје, патничко возило „мицубиши аутлендер“…

March 5, 2025
ХРОНИКА

Газда Деко во лоша здравствена состојба, бара домашен притвор

Одбраната на првообвинетиот за пожарот во Кочани, сопственикот на изгорената дискотека „Пулс“, Дејан Јованов Деко, пред почетокот на денешното рочиште…

April 20, 2026
ХРОНИКА

Андреј од ДНК им подлегнал на повредите од пожарот во Кочани

Андреј Ѓоргиески, еден од членовите на дуото ДНК, им подлегнал на повредите од пожарот во Кочани. Веста за неговата смрт…

March 16, 2025
ХРОНИКА

Цитроенот на Панче бил стар и со голем гепек

Во Основен кривичен суд Скопје во врска со убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски денеска сведочеа и…

October 14, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?