Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Двојно поголема наплата: Рекордни 247 милиони денари од концесии
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Двојно поголема наплата: Рекордни 247 милиони денари од концесии
ЕКОНОМИЈА

Двојно поголема наплата: Рекордни 247 милиони денари од концесии

Објавено April 28, 2025 11:36
Сподели
Сподели

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) денеска објави дека наплатата на надоместоците за експлоатација на минерални суровини во првиот квартал од 2025 година достигнала 247.491.155 денари. Ова, како што наведуваат, претставува повеќе од двојно зголемување во однос на истиот период во 2024 година, кога беа наплатени 110.576.324 денари.

Додаваат дека овој значаен раст е резултат на посветените и засилени активности на Министерството за подобрување на наплатата и зајакнување на контролата врз обврските на концесионерите.

Министерството спровело сериозни активности за зајакнување на наплатата на надоместоците, вклучувајќи: испраќање писмени опомени до концесионерите со предупредување за можен раскин на концесијата доколку не ги подмират навреме обврските, засилување на редовните и вонредните инспекциски контроли на терен, едностран раскин на десетина договори со концесионери кои не ги почитувале законските обврски, со уште десетина постапки во тек, како и донесување нов тарифник за утврдување на висината на надоместоците, кој е во сила од 1 јануари 2025 година.

Со новиот тарифник, се наведува во соопштението, висината на надоместоците за издавање дозволи и концесии за експлоатација на минерални суровини е зголемена до 100 проценти, со цел да се обезбеди правична вредност за користење на природните ресурси.

Клучните измени, информираат од МЕРМС вклучуваат: зголемување на надоместокот за користење простор за експлоатација за околу 30 проценти, надоместок за експлоатација на мермер: 5 проценти од приходот од продадената суровина, наместо од претходна фиктивна цена, зголемување на надоместокот за металични минерални суровини од 2 на 4 проценти, како и просечно зголемување над 100% за неметалични минерални суровини.

Овие измени, посочуваат, не се однесуваат на енергетските минерали, како јагленот, со цел да се избегне дополнителен притисок врз цените на електричната енергија.

– Порастот на наплатата директно влијае врз зголемувањето на буџетите на општините каде што работат концесионерите, како и на буџетот на Република Македонија. Овие средствата се користат за изградба и одржување на комунална инфраструктура на подрачјето на единиците на локалната самоуправа, проекти за одржлив развој и енергетска транзиција и за спроведување на проекти за заштита на животната средина, соопштија од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и додаваат дека останува посветено на воспоставување на највисоки стандарди за фер управување со природните ресурси и зајакнување на економските придобивки од нивната експлоатација.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Москва порача: Подготвени сме за директни преговори, чекаме Киев да се јави
Следна Статија Мисајловски и Лафчиски положија свежо цвеќе во спомен на загинатите припадници кај Вејце

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Постигнавме историски договор со репрезентативните синдикати на администрацијата и државната управа

Договорот што го постигна Владата со репрезентативните синдикати од администрацијата и јавната управа е историски и ќе овозможи зголемување на…

February 10, 2026
ЕКОНОМИЈА

И за дневница од 2700 денари нема берачи на јаболка, во Преспа се чекаат работници од Албанија

Почна бербата на јаболка, а берачи нема. Јаболкопроизводителите од Преспа ги чекаат берачите од Албанија, за кои годинава ќе плаќаат…

September 9, 2025
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: За седум години претходната Влада направи долг од 4,1 милијарда евра

За седум години претходната Влада направи долг од 4,1 милијарда евра, а само во период од последните 4 години од…

June 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

Britanska брендот за снегулки Graze ќе биде продаден на Candy Kittens на Џејми Лајнг

Договорот доаѓа додека Unilever планира да се ослободи од некои прехранбени брендови за да се фокусира на нега и убавина.

December 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?