Денеска околу 15:30 часот на улицата „Кочо Рацин“ во Велес е пронајдено женско лице со повреди од остар предмет. Станува збор за 31-годишната Р.К. од Велес, која итната медицинска помош ја пренела во болницата, но лекарите констатирале смрт.
Веднаш потоа, во домот на нејзиниот татко на истата улица, бил пронајден мртов и нејзиниот татко К.К. (68), исто така со повреди од остар предмет.
Во истиот дом со повреди од остар предмет бил затекнат и И.С. (39) од Скопје, поранешен партнер на Р.К. Според првичните информации, токму тој ги нападнал ќерката и таткото, по што сам си нанел повреди. И.С. бил пренесен во болницата во Велес, каде што лекарите исто така констатирале смрт.
Увид на местото на трагедијата врши јавен обвинител во содејство со увидна екипа на СВР Велес. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, информираат од Министерството за внатрешни работи.