Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Деветгодишно девојче со потекло од Македонија се удави во Италија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Деветгодишно девојче со потекло од Македонија се удави во Италија
ХРОНИКА

Деветгодишно девојче со потекло од Македонија се удави во Италија

Објавено June 30, 2025 09:22
Сподели
Сподели

Трагедија се случила вчера во Италија, откако некаде околу 16 часот во Сан Џакомо ди Педероба во близината на Тревизо, се удавило 9-годишно девојче по потекло од Македонија, пренесува „Ла Трибуна ди Тревизо”.

Девојчето, Адна Ислам, со македонско потекло и жителка на Кавасо дел Томба, било со своето семејство, родителите Ихмет и Наила и помалите брат и сестра, на попладневен одмор покрај брегот на реката Пјаве. Малата Адна си играла на камењата со други девојчиња кога се лизнала и паднала во реката и исчезнала веднаш, повлечена од водната струја, пишува весникот.

Брзо пристигнале пожарникари, карабинери и нуркачи. Нуркачите од противпожарната бригада го пронашле телото на несреќното девојче околу 18:30 часот, заробено меѓу камења.

Како што пишува весникот, градоначалникот и неговата заменичка трогнати од несреќата изразиле длабоко сочувство и подготвеност да му помогнат на семејството на секој начин.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ТРАМП НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Канада треба да биде 51-та држава на САД
Следна Статија (ФОТО) Иванка Трамп инвестира 1, 4 милијарди долари во остров во Албанија – ќе биде дестинација за богатите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Ангелов: Од цистерната се излеале 25 тони нафта, возачот на возилото нема тешки телесни повреди

Од цистерната што денеска се преврте на регионалниот пат Гевгелија-Богданци, истекле 25 тони нафта, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита…

September 25, 2025
ХРОНИКА

Тошковски за камерите на улиците: Системот автоматски ќе ги детектира, евидентира и процесира прекршоците

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска одржал работен состанк со  меѓуресорската работна група, составена од членови на МВР и…

November 16, 2024
ХРОНИКА

И кажале дека има биткоини, но за да ги подигне мора да има 900.000 ден. на сметка, уште една измама во Куманово

Уште една измама, втор случај за една недела во Куманово со биткоини, евидентира кумановската полиција. Педесет и деветгодишна кумановка пријавила…

November 22, 2024
ХРОНИКА

За Нова година без покрив над глава: На осумчлено семејство во пожар му изгореа куќата и тутунот

На осумчлено семејство од селото Воѓани, општина Кривогаштани, во пожар им изгоре целата куќа и речиси сиот род на тутунот…

December 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?