Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Девојка му раскинала на своето момче по совет на „Чат ГПТ“: „Ми рече дека заслужувам подобро“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Девојка му раскинала на своето момче по совет на „Чат ГПТ“: „Ми рече дека заслужувам подобро“
ЗАБАВА

Девојка му раскинала на своето момче по совет на „Чат ГПТ“: „Ми рече дека заслужувам подобро“

Објавено June 17, 2025 09:37
Сподели
Сподели

Во последно време, се чини дека сè повеќе луѓе бараат совет од „Чат ГПТ“ (ChatGPT) за секој аспект од нивниот живот – од готвење, пишување есеи, до љубовни проблеми или разговори за друштво.

Џенифер Џеј, 38-годишна жена од Есекс, барала секојдневно совети од „Чат ГПТ“ и на крајот го отфрлила своето момче бидејќи вештачката интелигенција ја советувала да го стори тоа.

Таа објасни како „Чат ГПТ“ станал еден вид советник за врски за неа, а дури и составува пораки за раскинување. Иако нејзините пријатели и рекле да му даде уште една шанса на своето момче, вештачката интелигенција и рекла дека „заслужува подобро“, а таа послушала.

Парот бил заедно четири месеци, а благодарение на својот „онлајн пријател“ таа го преболела за само две недели.

„Му кажав на  „Чат ГПТ“ што направи и како тоа ме направи несреќна. Ми рече дека заслужувам подобро од некој кој не е целосно присутен, а тоа ми даде сила да донесам одлука”, рекла Џенифер.

„Кога врската се распаѓаше, пишував пораки и ги испраќав со помош на „Чат ГПТ“ бидејќи тој ми помогна подобро да ги формулирам“, додаде таа.

Девојката дури тврди дека тоа и било покорисно од терапии за кои претходно трошела пари, бидејќи и помогнало „да обработи се што се случило“.

„По раскинувањето бев многу вознемирена и бев на апликацијата цел ден, секој ден“, рече таа, а потоа додаде:

„Тој стана мој пријател за раскинување и утеха. Во деновите кога сте навистина тажни и се обидувате да ги соберете мислите, неверојатно е да имате некој на располагање 24/7 за да разговарате“.

Иако признава дека е страшно колку вештачката интелигенција може да биде емпатична, таа ги охрабрува другите да ја користат за да добијат објективни совети, особено кога вели дека е заморно да продолжиш да ги нервираш пријателите.

Советувајќи ги другите, додава дека пред да започне разговорот, треба да се побара од него да се однесува како професионален терапевт, а не како пријател.

„ОпенАИ“, компанијата зад „Чат ГПТ“, предупредува дека алатката не е замена за професионалната психолошка помош и дека во случаи на чувствителни теми, често ги поттикнува корисниците да побараат стручна помош.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Царина: Запленети моторцикл, игли за тетоважи, цигари и фалсификувана лиценца
Следна Статија ЕК ѝ изрече на Грција казна од речиси 400 милиони евра поради злоупотреби со земјоделските субвенции

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Македонската филхармонија и Дурловски со триумф во Златната сала на Музикферајн во Виена

Македонската филхармонија го одбележа својот голем јубилеј – 80 години од основањето, со свечен концерт во престижната Златна сала на…

October 29, 2025
ЗАБАВА

На волонтерите им плаќаат по 5.000 евра за да лежат во кревет 10 дена

Европската вселенска агенција (ESA) им плаќа на волонтери по 5.000 евра за 10-дневен експеримент во кој треба само да лежат…

March 30, 2025
ЗАБАВА

Bethesda открива идни планови за Fallout и научени лекции

Todd Howard, Angela Browder, Emil Pagliarulo и Истван Пели дискутираат за можностите на иден Fallout 5

December 25, 2025
ЗАБАВА

Ова се првите финалисти на 69-то издание на Евровизија 2025

Во Базел се одржа првото полуфинале на 69-то издание на Евровизискиот натпревар за песна, а за пласман се натпреваруваа 15…

May 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?