Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Декември со високи температури и густа магла во котлините
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Декември со високи температури и густа магла во котлините
МАКЕДОНИЈА

Декември со високи температури и густа магла во котлините

Објавено December 7, 2025 14:20
Сподели
Сподели

Во текот на целата наредна седмица, територијата на државата ќе биде под силно влијание на антициклон и релативно топла воздушна маса од југ, која ќе донесе значително повисоки температури од вообичаените за овој период од годината. Метеоролошките анализи на Метеоаларм укажуваат дека дневните температури ќе бидат повисоки за околу, а на места и за повеќе од 10 степени над декемвриските просеци, при што во некои региони ќе се искачат до речиси 20 степени.

Утринските часови сепак ќе бидат постудени, со минимални температури што ќе се движат околу или неколку степени под нулата.

Поради стабилната атмосфера, слабиот ветер и високот воздушен притисок, во котлините ќе се создаваат поволни услови за појава на магла и ниска облачност. На одделни локации маглата ќе биде густа и ќе се задржува во текот на целиот ден, што ќе доведе до пониски дневни температури во тие подрачја.

Слична состојба се очекува и во скопската котлина, каде маглата повремено ќе биде изразена, особено во утринските и вечерните часови.

Според актуелните модели, барем до 20 декември нема изгледи за зимски услови ниту за појава на снег во земјата, а зимското сценарио за сега останува одложено.

Во изминатите 24 часа Македонија беше зафатена од обемен влажен бран од југ кој предизвика врнежи од дожд во сите региони, а пообилни врнежи беа регистрирани во западните и јужните делови. На планините над 1700–1800 метри надморска височина дождот преминуваше во снег.

Најмногу дожд за овој период, 30 литри на метар квадратен, е измерен во Маврово до утрово во 7 часот. објави Скопје1.мк

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Милошоски: „Стратегијата Македонија 2030“ на ВМРО-ДПМНЕ како ново поглавје за стабилност и развој на државата
Следна Статија УЈП: Секоја четврта контрола покажува дека не се издаваат фискални сметки

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Грција нема да го екстрадира Ацо Боцевски – Циганот баран за убиство пред 28 години

Македонскиот државјанин, баран со европска потерница за убиство пред 28 години што беше уапсен на крајот на мај годинава во…

November 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Секој кој ќе отвори тема за идентитетските прашања не мисли добро на соседот, а уште помалку ги почитува европските вредности

 Премиерот Христијан Мицкоски вчера од Брисел порача дека секој кој ќе отвори тема за идентитетските прашања не мисли добро на…

December 20, 2024
МАКЕДОНИЈА

Николоски на средба со поранешниот турски министер за надворешни работи

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски оствари средба со Мевлут Чавушоглу, актуелен пратеник и поранешен турски министер за надворешни…

April 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: ЕУ останува наша цел, но треба да научите да победувате во Вашингтон, Брисел, Берлин, Париз

ЕУ беше, е и ќе остане наша цел, но за жал, ние сме единствената држава во Европа која нема предизвици…

May 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?