Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ДЕЛЧЕВ ГО ПИШАЛЕ БУГАРСКИ РЕВОЛУЦИОНЕР: Бугарски активисти во Грција без дозвола поставиле спомен плоча
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > ДЕЛЧЕВ ГО ПИШАЛЕ БУГАРСКИ РЕВОЛУЦИОНЕР: Бугарски активисти во Грција без дозвола поставиле спомен плоча
БАЛКАН

ДЕЛЧЕВ ГО ПИШАЛЕ БУГАРСКИ РЕВОЛУЦИОНЕР: Бугарски активисти во Грција без дозвола поставиле спомен плоча

Објавено June 24, 2026 14:49
Сподели
Сподели

Бугарски активисти и националисти деновиве поставиле спомен-плоча посветена на македонскиот револуционер Гоце Делчев во селото Баница, денешно Кариес, во близина на Сер, Грција, а на обележјето го претставиле како бугарски револуционер, објави Плусинфо. 

Грчките власти не биле известени ниту дале дозвола за поставување на спомен-плочата, а бугарските медиуми пишуваат дека поради тоа има реакции во Грција.

На мермерната плоча, поставена на остатоците од старата камбанарија во напуштеното село, каде македонскиот војвода загина на 4 мај 1903 година во судир со османлиската војска, Делчев е опишан како „бугарски револуционер“.

„Бугарски револуционер и војвода, питомец на Военото училиште во Софија, живеел и се борел за слободата на Бугарите во Македонија и Одринско. Вечно сеќавање“, пишува на плочата.

Грчките медиуми објавуваат дека локалните власти не биле претходно информирани за поставувањето, ниту пак издале официјално одобрение. Засега нема официјален став од Министерството за надворешни работи на Грција.

Во 2022 година, тогашниот претседател на Бугарија, а сега премиер, Румен Радев јавно изрази поддршка на иницијативата за поставување спомен-обележје во Баница. Тогаш грчката страна посочи дека евентуалното барање ќе биде разгледано во редовна институционална процедура.

Една од најжешките теми на Заедничката македонско-бугарска мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања е токму Гоце Делчев, за кој бугарските историчари упорно тврдат дека бил бугарски револуционер.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Koлумбија веќе обезбеди пласман во втората фаза
Следна Статија Бил Гејтс призна дека озогласениот Епстин го уценувал поради вонбрачна врска со Русинка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Почина српскиот „крал на шеќерот“ и еден од најбогатите бизнисмени на Балканот

Почина Миодраг Костиќ, српски тајкун и еден од најбогатите луѓе во регионот. Костиќ почина денеска, 13 ноември, соопшти компанијата МК…

November 13, 2024
БАЛКАН

Вучиќ: Студентските протести се највалканата шарена револуција во историјата на човештвото

Српскиот претседател Александар Вучиќ, изјави дека актуелните протести на студентите, кои речиси три месеци бараат одговорност за трагедијата на Железничката…

February 15, 2025
БАЛКАН

Врие во Србија: Судир меѓу демонстрантите и полицијата во Белград, употребен солзавец

Во Нов Белград дојде до судир меѓу демонстрантите и полицијата во близина на седиштето на Српската напредна странка при што…

August 14, 2025
БАЛКАН

Додик: Ниту побарав, ниту добив руско државјанство

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, кој престојува во Москва, денеска демантираше дека побарал руско државјанство. Ниту побарав државјанство на…

April 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?