Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ДЕМАНТ: Адреналинскиот парк е изграден по највисоки европски стандарди, секоја година поминува ригорозна инспекција од производителот од Словенија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > ДЕМАНТ: Адреналинскиот парк е изграден по највисоки европски стандарди, секоја година поминува ригорозна инспекција од производителот од Словенија
МАКЕДОНИЈА

ДЕМАНТ: Адреналинскиот парк е изграден по највисоки европски стандарди, секоја година поминува ригорозна инспекција од производителот од Словенија

Објавено August 19, 2025 13:18
Сподели
Сподели

Компанијата која стопанисува со Адреналинскиот парк во Скопје, Адвентуре сиде ДОО Скопје излезе со демант во врска со веста објавена на сајтот trending.mk,  во која врз основа на фејсбук статус на ѓ-ѓа Емилија Филдишевска се доведува безбедноста на посетителите во Адреналинскиот парк во Карпош. 

Trending.mk го објавува целосниот демант и се извинува за нарушениот чест и углед на Адреналинскиот парк Скопје и на Адвентуре сиде ДОО Скопје (друштвото кое управува со паркот).

ДЕМАНТ

Почитувани, на ден 19.08.2025 година на Вашиот портал www.trending.mk, е објавен текст со наслов: „По Жичницата, Аларм и за Адреналинскиот парк во Карпош – Дали е безбеден?, со што имате изнесено невистинити информации штетни за честа и угледот на Адреналинскиот парк Скопје како и Адвентуре сиде ДОО Скопје (друштвото кое управува со паркот). 

Имено, во Вашата паушална вест се повикувате на Facebook статус на извесна г–ѓа Емилија Филдишевска која го посетила нашиот парк во изминатиот период, Дала свое паушално видување и споделила лична перцепција за состојбата на паркот, притоа истата во ниту еден случај не е експерт за адреналински паркови, висински операции или безбедност и работа на висина, дотолку повеќе што почитуваната г–ѓа го ажурираше својот пост кој е извор на Вашата вест, откако и беа објаснети и предочени факти за безбедноста на Адреналинскиот парк, на начин што ретерираше од првично пишаното (видете на нејзиниот профил). 

Бидејќи Вашата вест е напишана во прашална форма, дозволете да Ве информираме за следните факти иако воопшто не не прашавте: 

Нашиот парк не е само урбана атракција – тој е единствен во регионот од ваков тип. 

Изграден по највисоки европски стандарди, каде од штраф до носечки столб е вградена најмодерна и сертифицирана безбедносна опрема според стандардот ЕН 15567, Адреналинскиот Парк Скопје е симбол на иновација, безбедност и професионализам. Тој е место каде најмладите, семејствата и љубителите на авантурата добиваат искуство кое не може да се спореди со ништо друго во градот, па до сега сите кои дошле заминале насмеани, вклучувајќи ја и посетителката кој го напиша невистинитиот статус. Безбедноста кај нас не е само збор – таа е систем и има крајно сериозен третман. 

Секоја година, паркот поминува ригорозна инспекција по ЕН 15567 стандард, извршена директно од производителот од Vevrca.si од Р. Словенија – водечка европска компанија за адреналински паркови, при што со најмодерни алати, ласери, софтвери како и со мануелна непосредна проверка се тестира целокупната опрема. Во неполни пет години работа, немаме регистрирано ниту еден инцидент. Сите елементи се во одлична техничка состојба, потврдена со официјални документи и валиден сертификат за безбедна употреба издадена директно од производителот, а во однос со претходно споменатиот стандард. 

Исто така, правното лице Адвентуре сиде ДОО Скопје, кое управува со Адреналинскиот парк Скопје, исполнува сериозни технички услови за управување со ваков тип на паркови, се раководи по ригорозно утврдени правила за работа со адреналински паркови, ги поседува сите потребни лиценци и ангажира високо обучени инструктори за работа на висина. 

Како оператори на Адреналинскиот Парк Карпош, Ве уверуваме дека во ниту еден момент безбедноста на ниту еден посетител не била и не е доведена во прашање. Редовни контроли и сервиси се вршат, со цел и ние како оператори да бидеме 100% сигурни дека секој посетител кој ќе не посети ќе искуси прекрасно адреналинско искуство. 

Со Вашата паушална, невистинита и непроверена објава на Фејсбук статус на лице кое споделило своја лична перцепција за состојбата на безбедноста во паркот, го претставивте паркот на претходните, сегашните и идни посетители како место кое е крајно небезбедно по здравјето и животот за истите. 

За нас е нејасен фактот зошто воопшто не не контактиравте преку нашите лесно достапни контакти, па професионално новинарски, како што доликува да не прашате се што имате, да побарате непосреден увид во документите кои ги референцираме како и во самиот парк? 

Co наведеното Ваше дејствие, каде јавно пласирате шпекулативна, непроверена вест, сензационалистички, изолирано, базирана само на една страна, без да направите било каква претходна проверка пред да напишете, директно ги прекршивте Кодексот на новинарите на Македонија, Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета и Законот за облигационите односи, притоа нанесувајќи ни директна штета на честа, угледот и работниот потенцијал на Адреналинскиот Парк Скопје и Адвентуре сиде ДОО Скопје. 

Од причините наведени погоре, бараме во најскоро можно време, а најдоцна до 48 часа од објавувањето на шпекулативната вест, да го објавите овој ДЕМАНТ на Вашиот портал како и Вашите социјални медиуми со цел реципрочно да ја информирате јавноста дека претходно пласираните информации не се точни, јавно да се извините на засегнатите страни и оригиналниот текст да го повлечете од секаде каде што е објавен, вклучувајќи ги и социјалните медиуми во спротивно ќе бидеме приморани правно да се бориме за нашата чест и углед на начин што ќе поднесеме Тужба за навреда и клевета како и за претпрена нематеријална штета, Тужба за изгубена заработувачка, Претставка до Советот на честа при ЗНМ и Претставка до Комисијата за жалби до Советот за етика во медиуми. 

Во случај ако одлучите на го објавите овој ДЕМАНТ пропратен со соодветно извинување и повлекување на веста, бараме од Вас да ни испорачате информации за тоа кој новинар ја објавил веста како и кој е Вашиот одговорен уредник на редакцијата, од причина што имињата на истите не се јавно видливи, како би можеле правно да го процесуираме случајот. 

Адреналински парк Скопје 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Сапорт Кочани“ со нова донација за повредените од Кочани
Следна Статија Само 13 отсто од државните институции ги користат податоците од Централниот регистар на население

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

МОН: Испораката на учебниците завршува деновиве, електронскиот дневник функционира без проблеми

Министерството за образование и наука реагира на прес конференцијата на политичката партија СДСМ од каде со истите, препишани лански соопштенија…

September 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ниту повредените, ниту семејствата на починатите не се сами, Кочани е наш приоритет, велат од Владата

Трагедијата во Кочани во која животот го загубија 62 млади лица е од невидени размери, велат од Владата и посочуваат…

June 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Голем проток за три дена : Околу 30 илјади патници минале на ГП „Ќафасан“

На граничните премини на македонско-албанската граница, посебно на преминот „Ќафасан“ кај Струга, продолжува големиот проток на патници и возила. –…

August 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Професор Давитковски: Истрагата за трагедијата во Кочани дава надеж дека ќе се откријат вистинските виновници

Темелната истрага со обезбедени доказни материјали од инспекторатите, министерставата и општината, дава надеж дека јавноста за кратко ќе ја дознае…

March 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?