Демолирано и кафулето на газдата на дискотеката „Пулс“ во Кочани (ВИДЕО)

- Advertisement -

Група граѓани во Кочани го демолираа кафе барот „Класик“ чиј сопственик е истиот од дискотеката каде во пожар загинаа 59 лица, јави дописникот на МИА. Бесните граѓани го демолираа кафулето „Класик“ на Дејан Јованов – Деко, сопственикот на дискотеката „Пулс” која изгоре во трагедијата во Кочани. На снимките кои се појавија на социјалните мрежи може да се види како граѓаните бесни извикуваат и со камења гаѓаат кон излогот на објектот кој е целосно разрушен. 

Во Кочани во тек е протест на кој се бара одговорност за трагичната несреќа што се случи рано утринава во неделата.

Протестот почна од паркот, но продолжи пред општинската зграда со извици „Бараме правда“, „Секој еден, може да е следен“, „Убијци“.

Сподели ја оваа статија