Денвер подобар од ЛА Клиперс, Лејкерс шокирани пред својата публика

- Advertisement -

Плеј-офот на НБА лигата имаше спектакуларен почеток, откако најпрво Индијана убедливо славеше над Милвоки со 117-98, додека после продолжение на Денвер над ЛА Клиперс со 112-110.

Никола Јокиќ со ефект од 29 поени, девет скока и 12 асистенции беше лидер на Денвер, а Харден и покрај тоа што уфрли 32 поени, не успеа да им помогне на ЛА Клиперс да дојдат до позитивен резултат.

Вистински шок доживеаја кошаркарите на ЛА Лејкерс кои убедливо загубија пред својата публика со 95-117.

„Езерџиите“ играа само една четвртина, онаа првата, која им припадна со 28-21, а потоа следуваше комплетна доминација на Минесота. Лука Дончиќ со 37 поени беше убедливо најефикасниот кошаркар на паркетот.

На последниот меч од првата НБА плеј-оф вечер, Њујорк ја оправда фаворитската улога и славеше со 123-112 на домашен терен над Детроит.

Сподели ја оваа статија