Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Денеска е Велики четврток – првото црвено јајце има голема моќ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Денеска е Велики четврток – првото црвено јајце има голема моќ
МАКЕДОНИЈА

Денеска е Велики четврток – првото црвено јајце има голема моќ

Објавено April 17, 2025 08:16
Сподели
Сподели

Денешниот празник е еден од базичните настани за Црквата.

Сега се наоѓаме во средината на Страдалната седмица, седмица која е полна со важни настани за спасението на човекот.

Во четвртокот од таа последна недела на Христовиот живот на земјата беше востановена животоносната тајна на Црквата, тајната на Евхаристијата.

Таа тајна е востановена во горната соба од една ерусалимска куќа, кога Христос зеде леб, го прекрши и им подаде на учениците, т.е. на апостолите, а зеде и чаша со вино и исто така им ја подаде да пијат, со што ја најави својата смрт и таинствениот трепет што треба да го имаат учениците, зашто по неговата смрт беше јасно дека нешто ќе се случи.

Таа тајна е изворот на целокупното богослужење на Црквата, а нејзиниот централен дел е причестувањето со телото и крвта Христова. 

Велики четврток е четвртиот ден од Страсната седмица пред Велигден. 

Велики Четврток е нарекуван уште – чистиот четврток и во верски план е запишан од клучни библиски моменти. На Велики Четврток се одржала Тајната вечера, на овој ден Христос упатил молитва кон Бог Отецот во Гетсеманската градина и денес настанало предавството на Јуда.

Велики Четврток е еден најпрометните ден од подготовките за Велигден. На овој ден се бојадисуваат велигденските јајца кои треба да се црвени.

Првото бојадисано јајце исто така треба да е во црвено – се проценува дека бојата ја симболизира Христовата крв. Со него, додека уште не е скршено најстариот член на семејството црта крст на челото на најмалите, за да бидат здрави во текот на годината. Освен тоа првото јајце се остава пред иконата во домот, за да не штити од зли сили, да носи здравје, среќа и успех.

Според традицијата во минатото на Велики Четврток жените поминуваат најмногу време во кујната. Тогашнајвозрасните жена во семејството замесува велигденски леб, нарекуван уште богова пита, велигденски кравај или квасник).

Велигденските леб е обреден леб и се украсува со непарен број велигденски јајца.

Велат исто така, дека на полноќ на Велики Четврток небото се отвора, за да слезат кај своите блиски душите на мртвите, кои остануваат на земјата 40 дена.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трагедија: Фудбалер почина по пад од 11 кат
Следна Статија Угостителите и понатаму ќе плаќаат по 5 денари од квадрат за летните тераси

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Поништен тендерот за јакни и редовни униформи на МВР

Поништен е тендерот за нови униформи за полицијата, објави „360 степени“. Причината според медиумот е тоа што компанијата чија понуда…

February 9, 2026
МАКЕДОНИЈА

Кос не може да ни даде гаранции ни ако го смениме Уставот

Нашата политичка цел е да отворат преговорите за пристап за Македонија, по кластер 1, најскоро можно, истакна еврокомесарката за проширување…

July 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Филков најави целосно ресетирање на судството

На судството му се подготвува темелно ресетирање, е заклучокот од конференцијата за „Јакнење на ефикасноста и независноста на судството во…

February 3, 2026
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Ако ЕУ сака да биде геополитичка унија, не смее да го остави Западен Балкан во геополитички вакуум

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на панел дискусијата насловена „Безбедност и отпорност – традиционални и нови закани”, во рамки на…

October 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?